Секогаш бидете тука за луѓето кои ви значат
Луѓето за кои се грижите секогаш треба да ви бидат на прво место, не само во среќните, туку и во тешките моменти. Ако се грижите за некого, исполнете си го ветувањето и бидете тука за него. Бидете тука за најблиските кога најмалку го заслужуваат тоа, бидејќи токму тогаш најмногу им треба вашата помош и поддршка. Бидете со нив не затоа што морате, туку затоа што сакате.
Најлесните нешта во животот немаат тежина. Лесно е да ги сакате луѓето кога се совршени, кога се среќни и задоволни од животот. Но, вашата љубов има најголема вредност кога им ја давате на луѓето кои имаат недостатоци, кои се повредени и поминуваат низ тежок период во животот. Во таквите моменти, мора да бидете тука за нив.
Заборавете на телефонот кога сте со луѓето кои ви значат. Гледајте ги во очи и слушајте ги внимателно. Нурнете заедно со нив во длабоки разговори и заборавете на светот околу вас. Поврзете се. Не дозволувајте вашето внимание да биде одвлечено во ваквите моменти. Немојте да разговарате за времето и за животната монотонија. Прашајте ги што сонувале претходната вечер. Дебатирајте. Научете ги на нешто ново. Смејте се и изгубете чувство за време. Бидете присутни не само со вашето тело, туку и со вашиот ум. Бидете тука со нив.
Дајте им до знаење на луѓето колку ви значат. Секогаш потсетувајте ги на тоа дека ги цените и сакате. Потсетувајте ги дека сакате да ги заштитите. Но, не правете го ова само со зборови. Зборовите се лесни, едноставни и површни. Немојте да им ја полните главата со накитена поезија, немојте да нижите самогласки и согласки само за да им угодите. Покажете им колку ви значат, преземете нешто и поддржете ги вашите зборови со дела.
Бидете добри со луѓето кои ви значат. Многу луѓе непромислено земаат туѓи срца во свои раце и не успеваат да ги заштитат и да се грижат за нив. Многу луѓе се навикнуваат на пријателствата и врските и почнуваат да ги земаат здраво за готово. Земаат и земаат, но забораваат да дадат. Забораваат дека љубовта не смее да се дава во минимални количини.
Заштитете ги луѓето кои ви значат. Бидете искрени со нив. Грижете се за нив секој можен ден, а ако не можете да го сторите тоа, пуштете ги да си одат. Пуштете ги, затоа што луѓето кои навистина ве сакаат никогаш нема да престанат да се трудат и нема да можат да си заминат. Ако не можете да им возвратите на истиот начин, ослободете ги. Дозволете им да ја дадат љубовта на човек кој ќе има место во градите за да ја прифати. Треба да сфатите што сакате пред да се обидете да го отворите срцето на личноста за која знаете дека е подготвена да ви го даде целиот свет.
Доколку се согласувате дека секогаш треба да бидете тука за вашите најблиски, прочитајте ги и овие 10 причини зошто пријателите се многу важен дел од нашиот живот.