Сѐ уште сте single? Еве што не смеете да заборавите!

Сѐ уште сте сингл? Еве што не смеете да заборавите!

Понекогаш доволно е само малку да го промените начинот на кој размислувате со цел да ја забележите љубовта на вашиот живот која стои пред вас. Секако дека ви посакуваме преголеми дози љубовна среќа, но овие 4 работи ви ги посакуваме уште повеќе…

Сѐ уште сте single? Еве што не смеете да заборавите!

1. Држете ги своите критериуми на високо ниво

Можеби мислите дека сѐ уште сте сингл само затоа што сте презафатени. Погрешно! Сосема е во ред да верувате дека може да ве усреќи партнер со одредени квалитети. Немојте да заборавите кои работи ви се важни и да ги спуштате критериумите само затоа што очајно сакате да пронајдете некој.

2. Ценете се себеси

Вие сте паметни, забавни, талентирани и единствени. Немојте никому да дозволувате да ја разниша вашата самодоверба и да ве убеди во спротивните ставови. Тоа што сѐ уште не сте ја пронашле вашата сродна душа не значи дека сте помалку вредни. Поработете на вашите квалитети и насмејте се од уво до уво.

3. Немојте да се плашите да преземете иницијатива

Тука не се мисли само на љубовта. Кога ќе станете свесни за своите желби, направете сѐ што е во ваша моќ за да ги остварите. Можеби тоа нема да ви оди од рака, но најважно е да се обидете, бидејќи на крајот на баладата ги жалиме само оние шанси (и луѓе) кои ги пропуштивме, зарем не?

4. Лудо забавувајте се

Плачењето врз канчето сладолед бидејќи партнерот изгубил интерес за вас е целосен апсурд. Искористете го слободното време за сѐ она што ве весели и забавува, како и за незаборавен помин со најблиските пријатели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар