Се туширате секој ден? Имаме лоши вести за вас!

Се туширате секој ден? Имаме лоши вести за вас!

Ако ги прашате докторите, тие без сомнение ќе ви одговорат дека не е добро да се туширате секојдневно. Доколку сакате да отстраните непријатен мирис од пазувите или стапалата, доволно е само да се поминете со вода, бидејќи проблемот доаѓа од секојдневно миење со најразличните препрати за хигиена, како сапуните, геловите за туширање, шампоните и слично.

Претераното туширање може лошо да влијае на хидратацијата на кожата, така што ја прави сува и оштетена, притоа создавајќи одлична површина за лесно развивање на микроорганизмите. Ова може значително да го зголеми ризикот од инфекции кај одредени луѓе. Многумина мислат дека честото миење со препарати за хигиена ќе ги заштити од одредени здравствени проблеми, но може да се случи токму спротивниот ефект.

За повеќето луѓе е сосема доволно да се тушираат два пати неделно, но ако имате работа која ве поти или пак, ако сте физички активни, обидете се да избегнувате секојдневно користење на производите за хигиена и исплакнете ја потта само со вода. Ако сметате дека не е доволно, тогаш користете го сапунот само на критичните области, како пазувите и стапалата.

Од друга страна пак, ако имате сува коса, тогаш слободно можете да ја миете со шампон само еднаш во неделата. Ако имате проблеми со кожата на главата, како што е првутот, тогаш можете да користите шампон и неколку пати неделно. Исто така обидете се и помалку да си ги миете рацете, како и помалку да ја перете облеката, за да го намалите ризикот од одредени болести што настануваат како резултат на намалување на имунитетот од отстранувањето на заштитните слоеви на кожата.

Дознајте и кои се придобивките од туширање со топла, а кои со ладна вода.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар