Се сметате за добра девојка? Еве како тоа ви штети на вашиот живот

Се сметате за добра девојка? Еве како тоа ви штети на вашиот живот

Дали сте типична добра девојка? Дали имате незапирлива потреба да бидете совршени? Дали имате ненадеен излив на емоции кои не можете да ги разберете? Дали луѓето ви кажуваат дека сте премногу добри, па потоа продолжуваат да ве повредуваат? Ако одговоривте потврдно на овие прашања, тогаш вие најверојатно страдате од „болката“ наречена „добра девојка“.

Девојки, ако се однесувате премногу добро, тоа нема да ви помогне во животот

Жените се толку опседнати со тоа да се покажат совршено пред општеството, што не сфаќаат дека нешто лошо се случува со нив. Тие ги ставаат туѓите потреби и чувства пред сопствените, а се ставаат себеси и во чевлите на другите, па ги рационализираат неприфатливите постапки. Тие претпоставуваат дека секој ќе биде толку фер, искрен и добронамерен, како што се и самите. Овие девојки им дозволуваат на луѓето да ги преминат нивните лични граници, а исто така им даваат и безброј шанси. Тие ги негираат и ги кријат своите чувства сѐ додека можат, па потоа едноставно не можат да издржат и експлодираат. Ова води кон „истурање“ на емоциите на оние што ги сметаат за виновни, а потоа следи процес на извинување. Така се создава еден круг кој постојано ја троши нивната самодоверба и предизвикува да се сомневаат во сопствените постапки и чувства.

Добрите девојки претпоставуваат дека силните жени се одвратни и тврдоглави. Тие не ја сфаќаат разликата помеѓу тврдење и ароганција или доверба и егоизам. Тие не се свесни за тоа што навистина значи да се има поставено здрави граници, а навистина им е тешко и да кажат „не“, затоа што мислат дека на овој начин ќе бидат отфрлени од другите и нема да им се допаѓаат. Иако знаат дека се во право за некои ситуации, тие не го искажуваат своето мислење, а убедени се дека секогаш треба да бидат добри и да сочувствуваат со другите, без разлика како се третирани за возврат.

Девојки, ако се однесувате премногу добро, тоа нема да ви помогне во животот

Овие девојки се совршен плен за нарцисоидните луѓе, како во љубовните врски, така и на работните места. Нарцисите обично сакаат да ја префрлат вината на оние жени кои ги сметаат за слаби, па тогаш добрите девојки се прашуваат што не е во ред со самите нив и почнуваат да се сомневаат во сѐ. Таквите жени почнуваат да ги изедначуваат љубовта и пријателството со болка и копнеж, наместо со удобност, раст и поддршка. Добрите девојки ги потиснуваат своите чувства и погрешно веруваат во тоа дека сите ќе ги сакаат ако се внимателни. Тие не сфаќаат дека всушност се лицемерни личности. Негативните емоции како бесот, лутината, омразата, вината и срамот се присутни во секој од нас. Тие треба да научат да се однесуваат на здрав и нормален начин, наместо да го негираат нивното постоење, затоа што сето тоа не води кон ништо добро.

Добрите девојки треба да утврдат кон кои квалитети сакаат да се стремат, како што се интелигенцијата, силата, храброста или страста. Тие треба да разберат дека може да бидат љубезни, но цврсти, убави, но силни. Овие девојки треба да почнат да се почитуваат и самите себе, да развиваат самопочит и самодоверба, со цел подобро и полесно да го живеат животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар