Се сметате себеси за кралици? Овој мејкап тренд е како измислен за вас!

Се сметате себеси за кралици? Овој мејкап тренд е како измислен за вас!

Исто како и во светот на модата, така и во светот на шминката скоро секојдневно се „раѓаат“ нови трендови и најинтересно од сè е фактот што тие не доаѓаат од експертите, туку од девојките кои едноставно ја обожаваат шминката и имаат еден куп сјајни идеи кои едвај чекаат да им ги покажат на своите следбеници. Така настана и уште еден тренд на Инстаграм што како вирус се прошири ширум светот.

10-kralski-mejkap-novata-internet-bjuti-opsesija-www.kafepauza.mk_

Станува збор за кралскиот мејкап, што во секоја девојка може да ја разбуди омилената принцеза од бајките! Главно обележје на овој тренд е круната, како очекуван симбол за принцеза и кралица, а таа најдобро се вклопува на очните капаци. Разни бои, малку светки, па дури и циркони, ги прават овие круни крајно реалистични, а вашиот поглед сјаен и впечатлив. Како ви се допаѓа на прв поглед? Ние сме тотално воодушевени, а пораката која ваквиот мејкап ја испраќа е доста јасна: „Биди кралица, драга!“

(1) se-smetate-sebesi-za-kralici-ovoj-mejkap-trend-e-kako-izmislen-za-vas-www.kafepauza.mk

Девојките ги покажаа своите моќни варијанти на овој мејкап тренд, а доколку и вие самите сакате да испробате нешто слично, имајте на ум дека можностите се бескрајни. Златната боја е логичен избор за исцртување на круната, но секако вие можете да одите и подалеку од тоа и да експериментирате со различни нијанси. Освен сенчењето и мешањето на боите, завршница на вашиот нов омилен начин на шминкање ќе му дадат светките, на пример светкав ајлајнер, а доколку сакате екстраваганција, можете да се одлучите и за сјајни циркони. Водете сметка да не претерате со украсувањето, бидејќи крајниот резултат нема да биде добар. Сетете се како изгледале вашите омилени принцези од бајките – раскошно, но секогаш со мера!

12-kralski-mejkap-novata-internet-bjuti-opsesija-www.kafepauza.mk_

Освен тоа што е одличен за фотографирање и изгледа неверојатно на социјалните мрежи, овој тренд истовремено може да биде и занимливо решение за некои посвечени прилики кога сепак ќе имате можност да ја покажете вашата креативност и оригиналност, а во комбинација со темен црвен кармин и класичната црна модна комбинација, со сигурност ќе бидете забележани – гламурозна и моќна, исто како и кралицата, зарем не?

(2) se-smetate-sebesi-za-kralici-ovoj-mejkap-trend-e-kako-izmislen-za-vas-www.kafepauza.mk5-kralski-mejkap-novata-internet-bjuti-opsesija-www.kafepauza.mk_6-kralski-mejkap-novata-internet-bjuti-opsesija-www.kafepauza.mk_

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар