Сè што треба да знаете за тоникот за лице

Сè што треба да знаете за тоникот за лице

За секоја девојка убавата и здрава кожа на лицето е главен приоритет. Едноставно, ниту една фризура, колку интересна и оригинална да биде, нема да ни се допадне доколку не сме задоволни со нашето лице. Ист е случајот и со шминката. Колку пудра и да нанесеме, доколку имаме акни тие сепак ќе се забележуваат и нема да се чувствуваме убаво. Затоа, заклучокот сам се наметнува – неопходно е да водиме добра грижа за негата на нашата кожа.

1-se-shto-treba-da-znaete-za-tonikot-za-lice-www.kafepauza.mk_

Ако имате проблеми со кожата на лицето, најверојатно до сега сте испробале многу различни производи во потрага по оној вистинскиот. Но, дали до сега сте користеле тоник? Ако размислувате да започнете да користите, еве што треба да знаете во врска со него.

1. Што е тоник?

Генерално, тоникот е препарат на база на вода кој во себе содржи супстанца слична како оцетот. Всушност, ова не треба да ве загрижува, бидејќи оцетот е многу добар за вашата кожа и коса. Затоа, тоникот не само што ќе ви помогне да ги избришете и последните траги шминка, туку ќе ви помогне да имате убава и сјајна кожа на лицето. Ќе ја закрепне од иритации, црвенило, ќе ја тонира и ќе ја направи нежна и мека. Тоникот ќе ви помогне во борбата против акните, а може да ви послужи и како припрема за третманите против стареење.

2. Дали одговара на секој тип кожа?

Со оглед на тоа дека тоникот најмногу помага во регулирањето на нечистотијата и вишокот маснотии, логично е да помислите дека одговара само за масна и мешана кожа. Но, тоа не е точно. Постојат многу различни видови тоници, кои во себе содржат различни состојки наменети за различни типови кожа. Па, кога ќе избирате кој тоник да го купите, посоветувајте се со дерматолог околу изборот, бидејќи е многу важно да го купите оној кој одговара на вашиот тип кожа. Ова треба да важи за секој производ што ќе го купите.

Добар избор, кога станува збор за тоникот, е секогаш оној кој во себе не содржи алкохол (кој може да ја исуши кожата), па водете смета и за оваа ситница кога го купувате овој препарат.

3. Како да го користам?

Тоникот ја претставува самата завршница во чистењето на лицето. После убавото бришење на шминката, особено водејќи сметка за деловите околу косата, носот и очите, со него вие ќе го отстраните вишокот на нечистотиите. Доволно е да нанесете мала количина на вата или тупфер и со неа да премините околу лицето. Водете сметка и за количината, ватата не треба да биде премногу натопена, но не и скоро сува.

Постојат тоници кои се купуваат со распрскувач, па можат директно да се нанесат на лицето. Не заборавајте да замижете пред прскањето. Вишокот течности можат да бидат повторно отстраните со вата или тупфер.

4. Колку често можам да го користам?

Точно е дека преголемата употреба може да предизвика контра ефект, односно вашата кожа ќе почне повеќе да се масти, за самата да се „одбрани“. Па, ако имате сува кожа, доволно е да користите тоник еднаш дневно, и тоа навечер, после бришењето на шминката и регуларното чистење на лицето. Ако вашата кожа е масна или мешана, тоникот користете го два пати дневно, наутро (пред шминкањето) и навечер (после бришењето на шминката).

Кога следен пат ќе размислувате што треба да внесете, а што да исфрлите од секојдневниот ритуал за чистење на лицето, имајте на ум дека тоникот треба да го оставите на списокот. Ако го користите правилно, тој може многу да ви помогне, бидејќи станува збор за квалитетен и добар производ. Не само што вашето лице ќе биде потполно чисто, туку вашата кожа ќе биде тонирана, сјајна, помека и поубава. И тогаш ќе можете без проблеми да правите различни фризури и да испробувате нови начини за шминкање. Да се има совршена кожа, навистина не е тешко!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар