Сè што треба да знаете за сексот до 35-тата година

Сè што треба да знаете за сексот до 35-тата година

Едно неодамнешно истражување покажало дека жените кои се постари од 35 години најмногу уживаат во сексот. Според научниците, причината е во подоброто познавање на своето тело, желби и потреби. Токму затоа погледнете ги следниве неколку женски правила кои секоја од вас би требало да ги совлада до 35-тата година…

Сè што треба да знаете за сексот до 35-тата година

1. Правете го она што го сакате

Сексот е многу интимна и страсна работа во која се вклучени двајца. Водењето љубов може да донесе неверојатно задоволство, но само доколку го правите она што вие го сакате. Токму затоа не се срамете да кажете „не“, но исто така и не се воздржувајте да пробувате нови нешта.

2. Експериментирањето не е табу

Довербата помеѓу партнерите во длабока врска може многу да влијае врз квалитетот на сексуалниот однос. Кога тие двајца доволно се познаваат, експериментите во сексот се секогаш добредојдени. Пробувајте, комбинирајте и уживајте.

3. Никогаш, буквално никогаш не заборавајте на заштитата

Покрај несаканата бременост, заштитете се од полово-преносливите болести кои во последно време се позастапени од кога било претходно. Ова правило особено се однесува на несериозните врски и на новите интимни партнери. Едноставно не вреди да ризикувате.

4. Сакајте го своето цврсто тело

Телото во 20-тите години е прекрасно и токму затоа нема потреба воопшто да се срамите од него. Женската силуета е моќно оружје на кое не може му одолее ниту еден маж. Поиграјте си со својата сексапилност и уживајте во она што во моментов го имате.

5. Не брзајте

Сексуалниот однос може да биде многу забавен и може да трае цел ноќ… или ден. Не е сè во сексуалниот чин, туку во многуте ситници пред и по него. Играта на заведување, топлата предигра, жешките паузи, галењето по него… Има илјадници нешта кои би можеле да ги правите, па токму затоа уживајте во целиот процес и секогаш истражувајте ги вашите желби и потреби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар