Сè што треба да знаете за нарушувањето на тироидната жлезда
Улогата на хормоните во нашето тело е да регулираат разни процеси и функции. Но, многу луѓе страдаат од ендокрини нарушувања кои се карактеризирани со нефункционалност на хормоните. Најчест вид на овие нарушувања се проблемите со тироидната жлезда.
Хипотироидизмот е состојба во која е намалена функцијата на тироидната жлезда и телото има недостаток од тироидниот хормон. Најчестиот симптом на ова нарушување е неспособноста да ослабите и покрај вежбањето и здравата исхрана. Ниското ниво на тироидниот хормон забавува многу телесни процеси, па личноста може да чувствува замор, недостаток на енергија и мрза. Бавниот метаболизам ја намалува телесната температура, особено во дланките и стапалата. Покрај ова, луѓето со ова нарушување често страдаат и од констипација, анксиозност и депресивни епизоди.
Од друга страна, хипертироидизмот е нарушување во кое тироидната жлезда е премногу активна, а нивото на хормонот тироид е превисоко. И ова нарушување има влијание на метаболизмот, но на спротивен начин – ги забрзува сите процеси. Најчестите симптоми вклучуваат нервоза, анксиозност, нерамномерно чукање на срцето, слабост во мускулите, проблеми со спиењето и сува и кршлива коса. Жените со ова нарушување имаат многу слаб менструален циклус, а кај некои воопшто и не се појавува.
Причини за нарушување на работата на тироидната жлезда
Овие нарушувања може да бидат предизвикани од разни фактори. Во некои случаи имунолошкиот систем ги гледа тироидните хормони како напаѓачи. Исто така операција или третирање со радијација на тироидната жлезда може да предизвика нејзино намалено функционирање. Други тироидни нарушувања се намалено ниво на јод, воспаление на тироидната жлезда, а некои луѓе пак се родени со ова нарушување.
Дијагноза и лекување
Се смета дека околу 60% од луѓето кои имаат некакво нарушување на тироидната жлезда не се свесни за тоа. Но, ако имате кој било од симптомите, подобро е да одите на лекар и да го проверите нивото на хормони во вашето тело.
Најчесто хипотироидизмот се третира со синтетички хормон, а некои пациенти примаат радиоактивен јод или одат на операција. Но, примањето лекарства не мора да значи дека ќе го решите проблемот од корен. За целосно лекување потребна е комбинација од лекови, здрава исхрана и промена во животниот стил.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека хормоните не ви функционираат како што треба.