Сè што треба да знаете за маслото од маслодајната репка

Сè што треба да знаете за маслото од маслодајната репка

Маслодајната репка вообичаено цвета во лето и е позната по златно-жолтите цветови. Нејзиното масло, познато како канола масло, се користи за готвење, печење и преработка на храната.

Сè што треба да знаете за маслото од маслодајната репка

Во продолжение прочитајте повеќе за хранливата содржина, но и негативните ефекти на маслото од маслодајна репка.

Видови масло

Важно е да се прави разлика меѓу двата вида масло: индустриското масло и маслото за кулинарски потреби кое уште се нарекува и канола масло.

Индустриското масло од репка се користи во автомобилската и хемиската индустрија, додека канола маслото се користи за готвење. Двата вида значително се разликуваат во поглед на нивната генетска структура и содржината на еруцинска киселина која може да биде штетна за организмот доколку се внесе повеќе од дозволените количини.

Маслото од канола мора да содржи 2% еруцинска киселина или помалку и мора да ги исполнува меѓународните стандарди.

Позитивни ефекти

Канола маслото е чисто масло, без протеини и јаглехидрати. Сепак, претставува добар извор на витамини и здрави масти. Така, содржи Е витамин кој е неопходен за здравјето на очите и кожата. Освен тоа, богато е со незаситени масти кои ја помагаат функцијата на срцето. Меѓу другото, неодамнешно истражување покажало дека редовното консумирање масло од канола ги намалува нивоата на лошиот холестерол во организмот, и на тој начин помага во спречување на срцевите заболувања.

Негативни ефекти

Генетски модифицирано

Најголем дел од маслото од репка што ќе го најдете во супермаркетите е генетски модифицирано. На сите нам ни е добро познат фактот дека производителите со цел да добијат поголеми приноси ги модифицираат гените на растението репка при што тоа станува отпорно на разноразни штетници. Повеќето истражувања тврдат дека генетски модифицираната храна е безбедна и нема никакви негативни здравствени ефекти, сепак потребни се повеќе испитувања во однос на поврзаноста на овој тип храна со појавата на алергии, отпорноста на антибиотици или ракот.

Преработено

Повеќето масла кои се користат во прехранбената индустрија се преработени, а маслото од маслодајна репка не е исклучок. Така, за да се „исчисти“ маслото се користи хемиски растворувач познат како хексан, а потоа се отстрануваат слободните масни киселини преку процес на филтрација.

Доколку сакате поздрава алтернатива на маслото од маслодајна репка можете да пробате со ладно цедено масло – станува збор за метод на преработка кој му овозможува на маслото да ги задржи повеќето хранливи материи.

Откако прочитавте за канола маслото, можеби ќе сакате да прочитате и за разликата меѓу маслиново и авокадово масло.

Извор: healthline.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар