Сè што треба да знаете за кратката коса

Сè што треба да знаете за кратката коса

Оваа година можеме да видиме голем број познати дами со кратка коса. Иако ви се допаѓа како им стојат, пред да посетите фризер за да направите ваква драстична промена, прочитајте ги овие добри и лоши страни на кратката фризура.

1-se-shto-treba-da-znaete-za-kratkata-kosa-kafepauza.mk

Кратка коса – лесна коса

Кратката коса е полесна од долгата, па доколку вашата коса е благо прекршена или виткана, кога ќе ја скратите ќе биде полесна. Кај долгата коса брановите и локните се опуштени, а додека кај кратката коса се поцврсти.

Помали и потенки уреди за обликување на косата

За стилизирање на косата ќе користите помали и потенки преси и апарати за виткање на косата. Со нивна помош ќе имате поголема контрола над вашата коса.

Кратката коса бара помалку време

Доколку имате кратка коса, ќе ви биде потребно помалку време да ја средите. За сушење на кратката коса исто така треба помалку време за разлика од долгата коса. Можете малку да ја исушите со фен, да нанесете средство за обликување и да ја оставите да се исуши по природен пат.

2-se-shto-treba-da-znaete-za-kratkata-kosa-kafepauza.mk

Помалку шампон и балсам

На кратката коса ѝ е потребно помалку шампон и балсам. Заштедените пари може да ги искористите за препарати за стилизирање и нега на косата.

Кратката коса се потстрижува почесто

Ако трошите помалку пари на шампони и балсами, можно е заштедата да ја потрошите на фризер. На кратката коса ѝ е потребно редовно потстрижување за да ја одржи потребната должина и форма.

Заборавете на ластичињата, шнолите и другите помагала

Кога косата е долга, а наутро ќе се разбудите со лоша фризура или сте немале време да ја измиете, тогаш разните ластичињата и шноли ви помагаат да ги скриете недостатоците. Ја врзуваме косата во коњско опавче, плетенка или пунџа. Но ако се одлучите за кратка коса, бидете спремни секој ден да ја одржувате и стилизирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар