Сè што треба да знаете за икигаи – јапонската тајна за исполнет живот

Сè што треба да знаете за икигаи – јапонската тајна за исполнет живот

Барањето на значење и исполнетост е универзално како што било во животот. Што е она што им дава значење на нашите животи? Што е она што ни дозволува да живееме среќен и исполнет живот без каење? Јапонскиот принцип икигаи ни помага да ги одговориме овие прашања.

Сè што треба да знаете за икигаи – јапонската тајна за исполнет живот

Но наместо само оговори, икигаи нуди модел за откривање на уникатното нешто што ќе му даде значење на вашиот живот. Овој принцип ви дава целосна мапа наместо само генерална мудрост.

Што претставува икигаи?

На јапонски, икигаи значи „причина за постоење“ или „причина за будење“. Ова е вашиот пат на себереализирање, уникатен на секој можен начин. Секоја личност има различно икигаи кое зависи од разните верувања и вредности. Најчесто се открива со помош на 2 фактори:

  • Што сакате да правите?
  • Во што сте добри?

Вашето икигаи е она што ви го прави животот вреден, оние спонтани дела и подвизи кои ве туркаат напред. Овој принцип ве води без потребата од мотивација бидејќи го сакате тоа нешто и верувате во вашата способност да го направите реалност.

Зошто е важен принципот икигаи?

Во неговата книга „Сини зони: Лекции за живеење подолго од луѓето кои живееле најдолго“ (Blue Zones: Lessons on Living Longer from the People Who’ve Lived the Longest), авторот Ден Бутнер се обидува да ја најде причината за долговечноста на некои луѓе.

Обидувајќи се да го најде одговорот, тој ги проучувал луѓето во Окинава, Јапонија, и околните провинции. Ова е дом на луѓето кои живеат најдолго. Просечниот животен век во селото Китанакагусуку е 89 години.

Она што го открил авторот е дека милиони луѓе низ оваа област живеат според принципот икигаи. Тој верува дека токму ова е причината за нивната долговечност.

Како да го најдете вашето икигаи?

Подетална „формула“ за наоѓањето на овој принцип ги содржи следниве прашања:

  • Што сакате да правите?
  • Во што сте добри?
  • Дали на светот му е потребно тоа?
  • Дали можете да заработите од тоа?

Одговарајќи ги овие прашања, ќе пронајдете нешто што ги исполнува сите услови. Со ова ќе ја најдете вашата цел која ќе ве исполни и која ќе ви даде значење. На пример ако сте уметник кој сака да црта и сте работеле на вашата вештина, можете да тргнете по многу патишта. Но ако го земете предвид принципот икигаи, најверојатно ќе станете илустратор.

Илустраторите ги оживуваат приказните на телевизија. Ова се приказни кои нè инспирираат и ни помагаат да се справиме со секојдневните предизвици. Покрај тоа тие земаат добра плата, па со ова сте ги исполниле сите услови.

Потребно е време да го најдете вашето икигаи. Потребно е да ја ослободите љубопитноста, да се истражите себеси и светот околу вас за да го најдете совршеното нешто.

Живејте според принципот икигаи

Што е вашето икигаи? За што сте родени да правите? Која е вашата страст? Кои се даровите што можете да му ги дадете на светот? Кога ќе го најдете пресекот помеѓу овие нешта, ќе живеете среќен, значаен и исполнет живот.

За среќен и исполнет живот, ветете си ги овие 7 нешта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар