Сè што треба да знаете ако веќе наполнивте 23 години

Сè што треба да знаете ако веќе наполнивте 23 години

Овие години се најчудната доба помеѓу тинејџер и зрел човек. Ви се чини дека многу нешта сте доживеале (љубовни разочарувања, помеѓу останатото), а знаете и дека сè е допрва пред вас. Образованието е при крај, кариерата сè уште не започнала, сериозната врска ја нема на повидок, некои стари пријателства се гасат, некои нови не ветуваат дека ќе траат – во овој момент, во 23-тата година, сè е можеби, веројатно и ако. Но, можеби е време да прифатите дека така ќе биде најверојатно долго време, ако не и цел живот.

1-se-shto-treba-da-znaete-ako-vekje-napolnivte-23-godini-www.kafepauza.mk_

1. Нема да бидете сами до крајот на животот

Кога имате 23 години, можеби сте осамени, бидејќи пополека се одвикнувате од заедничкиот начин на живот и се обидувате да ја смирите својата индивидуалност со колективни вредности. Пред себе имате сосема доволно време да научите да уживате во самотијата и за пријатели да ги избирате само оние луѓе покрај кои навистина нема да се чувствувате сами.

2. Не мора веднаш да ја пронајдете вашата работа од соништата

Реално е да очекувате дека ќе работите различни работи и можеби ќе постигнете успех во област за која воопшто не сте образовани. Следете ги вашите соништа, патот поплочен со жолти тули, и сетете се дека волшебникот од Оз случајно ја направи својата кариера како волшебник.

3. Сите понекогаш се чувствуваат изгубено

Постојат моменти и периоди на неориентираност, дури и кога го постигнувате баш она што го сакате. Треба време за доживувањата да се процесираат, да се примат пораките, да се научат лекциите. Кога не знаете што да правите, не правете ништо.

2-se-shto-treba-da-znaete-ako-vekje-napolnivte-23-godini-www.kafepauza.mk_

4. Некој повторно ќе ве сака

На 23 години би требало да имате искуство со скршено срце зад себе. Но, луѓето се заљубуваат цел живот и големи се шансите дека ќе има уште неколку партнери кои ќе ве сакаат.

5. И вие некого повторно ќе сакате

Секогаш е различно. Никогаш нема да сакате исто, бидејќи различни луѓе се сакаат различно. Ќе запознаете уште неколку начини на кои можете да сакате. Некои подобри начини.

6. Имате време да згрешите уште многу пати

Само што започнавте. Ако на некој проект во вашиот живот (работа, врска) му посветите две-три години и тогаш испадне дека тој не бил вистинското нешто, тогаш ќе се обидете да ја откриете следната вистинска работа, и следната и следната. Секој нареден пат ќе ви треба помалку време за да сфатите дека сте погрешиле. Така се учи. Цел живот.

7. Не мора да му одговорите на секој предизвик

Иако сите околу вас сè уште го имаат оној тинејџерски дух и глад за авантури и ризици, глумејќи дека тоа го прават на возрасен начин, вие не морате. Избирајќи ги предизвиците на кои ќе им одговорите, избирате да научите повеќе со помалку лошо искуство.

3-se-shto-treba-da-znaete-ako-vekje-napolnivte-23-godini-www.kafepauza.mk_

8. Сигурно имате нечија поддршка

Не сте сами против сите. Никогаш не сте биле, ниту ќе бидете. Тоа е субјективно чувство, но не вистинско.

9. Ако сте разочарани од себе, тоа само значи дека можете многу подобро

Сте очекувале дека ќе се покажете подобро? Па добро, обидете се повеќе наредниот пат.

10. Не треба да ги остварувате туѓите соништа

Ниту на своите родители кои сакаат да бидете стабилна, уважена личност со став, ниту на својот занесен партнер кому му е потребен верен обожавател, ниту на своите пријателки кои мечтаат за брак и многу деца.

4-se-shto-treba-da-znaete-ako-vekje-napolnivte-23-godini-www.kafepauza.mk_

11. Научете да кажувате НЕ

Многу е важно да му кажете ДА на животот во секој негов облик, бидејќи тоа ДА е основа за креативни и конструктивни акции и реакции. Но исто така е важно да ги препознаете неживотните и деструктивни работи, на кои треба да им кажете НЕ.

12. Никој не може да ги чита вашите мисли, барајте го она што го сакате

Времето на срамежливост и очекувањето да се повикаат возрасните таму каде што треба, би требало одамна да е поминато. Сега и вие сте возрасни и треба да се заложувате за себе, баш онака како што ви зборувале вашите родители. Само помислите што тие би направиле сега и направете го тоа сами.

13. Не треба да ви биде непријатно поради сопствениот избор

Сакате да плетете? Да ги храните бездомниците? Да волонтирате? Вашето момче не е некој убавец? Сте пронашле вечерна работа како чистач во кафулето? Тоа е она што го сакате, нема тука ништо повеќе да се коментира.

5-se-shto-treba-da-znaete-ako-vekje-napolnivte-23-godini-www.kafepauza.mk_

Продолжете на втората страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Irena Reply

    Bravo za avtorkata! 🙂

  2. Stefanija Reply

    Mnogu ubavo kazano, sekoja cest

  3. Angela Reply

    Бравос , од збор до збор е точно 😊

Остави коментар