Се плашите ли од вашиот стоматолог?
Гостински пост: д-р Гоце Крстиновски
Во САД, пресметале дека 50% од населението има некаков страв од стоматолошки интервенции. Од нив, околу 40 милиони луѓе се опишани како „дентофобици“, лица кои го запоставуваат денталното здравје како резултат на стравот од стоматолог. Колкав ли е тој процент кај нас?Контролата на тој страв е предизвик дури и за современата стоматологија. Обидите да се обезбеди безболност на процедурите ја создале денталната анестезија, а потоа, се појавил страв и од неа!
Од првата употреба на воден раствор на кокаин, за анестезирање на заби во долната вилица, во 1800 година, се чини дека сетот од шприц и игла не еволуирал многу…
Не сосема… Постои апарат кој целата процедура на анестезирање во устата ја носи на едно сосема поинакво ниво. Тоа е систем за компјутерски асистирана анестезија, кој со помош на сензори за контрола на притисок го вбризгува анестетикот во посакуваното место. Уште подобри вести за оние плашливите: компјутерот го чувствува движењето на малата игла низ ткивото и испушта капки анестетичко средство пред неа, така што таа секогаш врви низ претходно анестезирано подрачје.Во многуте клинички студии, пациентите кои ги примиле двете, и традиционалната и компјутерската анестезија, изјавиле дека не би се вратиле на стариот начин на анестезирање. Зборот со којшто најчесто било опишано чувството при компјутерски асистираната анестезија бил: „удобно“.
Па, можеби кога ќе одите на следна посета кај стоматологот, нема да го имате тоа грозно чувство во стомакот!
Авторот е специјалист по орална хирургија и имплантологија
контакт-имејл: gocebt23@yahoo.com
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Ne, toj se plasi od mene , oti si zaraboti tupanica ..LOL