Се гледате со маж кој се плаши од „врзување“? Натерајте го да започне врска со вас на суптилен начин
Се гледате со некој дечко веќе неколку месеци, а сѐ уште не сте го дефинирале вашиот однос. Постојано сте заедно, сте ги запознале неговите пријатели и тој вашите, меѓутоа само што ќе го спомнете зборот „врска“, тој се вознемирува и ја менува темата. Можеби мислите дека тој не е подготвен да се „врзе“, но вистината е дека сите мажи се „материјал“ за врска, само треба да постапите правилно. „Врзувањето“ претставува цел процес за некои мажи и следниве 3 тајни ќе ви помогнат на суптилен начин да го убедите да започнете врска. Прочитајте за што станува збор…
1. Кажете му го проблемот
Една од најголемите причини зошто мажите не започнуваат врска е тоа што мислат дека не мораат. Жените прават голема грешка што не им го кажуваат овој проблем. Мажите ги сакаат проблемите, бидејќи сакаат да ги решаваат. Но, никако не му го изнесувајте проблемот во форма на жалење, туку поставете го како математичка задача. Почнете со аргументи од типот „Веќе неколку месеци се гледаме и цело време сме заедно, нели?“ или „Убаво ти е со мене, така? И јас обожавам да го поминувам времето со тебе. Како да направиме да ни биде уште поубаво?“, но никако не спомнувајте го зборот „врска“ бидејќи тоа ќе го преплаши. Наместо тоа, преминете на следниот чекор.
2. Никогаш не му го откривајте решението
Ова е уште една причина зошто мажите не започнуваат врски. Можеби мислите дека ако му кажете што да прави, ќе го решите проблемот, но тоа никогаш не функционира. На тој начин тој ќе стане ваше „дете“, што значи дека вие ќе станете негова „мајка“. Децата не преземаат одговорност за нивните постапки, туку им ги препуштаат на возрасните. Постои начин да му кажете што да направи, без да му го откриете решението на проблемот. Фокусирајте се на причините зошто ви е убаво кога сте заедно и што би можеле да направите за да ви биде уште поубаво и на двајцата. Претставете го поимот „врска“ како нешто прекрасно, без да го спомнувате самиот збор. На тој начин, тој ќе сфати на што мислите, но нема да се исплаши, туку ќе почнат да му се раѓаат позитивни чувства во врска со таа идеја.
3. Нека изгледа како тоа да е негова идеја
Ова е најголемата причина зошто мажите не се „врзуваат“. Доколку тоа не е негова идеја, тогаш нема да имате врска. Ќе имате сон. Станува збор за оној период во кој се однесувате како пар, но никогаш не разговарате за тоа. Вие сте фрустрирани и почнувате да му замерувате, па на крајот решавате да ја прекинете врската, бидејќи истата се одвивала без никаков план и иднина. Наместо да трошите време на нервирање, обидете се да му ја всадите идејата за врска во глава. Доколку успешно сте ги поминале претходните чекори, таа идеја веќе е присутна во неговиот ум, потребен е само крајниот чекор за да се реализира.
Никогаш не поставувајте директен ултиматум од типот „Не може повеќе да се гледаме, освен ако не започнеме официјална врска“, бидејќи таквиот разговор ќе заврши со следниве негови зборови: „Заслужуваш подобро, заслужуваш некој кој ќе сака врска, не сакам да ти го губам времето“. Наместо тоа, многу суптилно дајте му до знаење дека паровите кои не се во официјална врска смеат да се гледаат и со други луѓе. Доколку навистина му значите, самата помисла на тоа дека вие би можеле да излезете на љубовен состанок со друг маж многу ќе го вознемири. Ниту еден маж не сака да ја дели девојката која му се допаѓа. Додека да трепнете, тој ќе биде оној кој ќе инсистира на врска, а не вие.
Доколку решите да ги примените овие техники, внимавајте да го направите тоа на многу суптилен и индиректен начин. Никогаш не употребувајте негативни зборови, не го напаѓајте, не го обвинувајте и што е најважно, никако не му се заканувајте дека ќе прекинете доколку не започнете врска. Нема сомнеж дека мажот кој е навистина заинтересиран за вас, порано или подоцна ќе сака целиот свет да знае дека сте само негова.