Се чувствувате нерасположено? Овој вид храна ќе ве направи посреќни!

Се чувствувате нерасположено? Овој вид храна ќе ве направи посреќни!

Нашето расположение е лесно променливо во текот на денот, па токму затоа и ни беше навистина занимливо да откриеме дека постои одреден вид храна што научно докажано го подобрува расположението и нè прави посреќни. Кога ќе се чувствувате лошо или нерасположено, сметајте ја оваа храна (што сигурно веќе ја имате во кујната) како еден вид „среќни апчиња“ кои ви ги препишала Мајка природа. Во продолжение дознајте кои 7 намирници нè прават посреќни и уверете се и самите дали навистина ќе ви го подобрат вашето расположение.

1-nauchno-dokazhani-namirnici-koi-ne-pravat-posrekjni-www,kafepauza.mk_

1. Бадемите и останатите јаткасти плодови

Една од клучните состојки за добро расположение е магнезиумот, а добрата вест е тоа што бадемите, индиските ореви и кикиритките се полни со него.

2. Црно чоколадо

Кренете рака ако сакате чоколадо. Сега слободно скокајте по собата од среќа, бидејќи имате одличен изговор зошто би требало да го јадете секојдневно. Науката вели дека тоа нè прави посреќни и не можеме да кажеме дека тоа нè изненадува.

2-nauchno-dokazhani-namirnici-koi-ne-pravat-posrekjni-www,kafepauza.mk_

3. Јогурт

Наредниот пат кога ќе се почувствувате лошо и безволно, испијте една чаша јогурт. Докажано е дека пробиотиците од јогуртот го намалуваат нивото на стрес во телото.

4. Острига

Најверојатно на сите од нас, остригите ни се познати како афродизијак. Поради големата количина на цинк што ја содржат, го држат нашиот имунолошки систем здрав, а нашето расположение на високо ниво.

5. Кафе

Вашата утринска шолја кафе и тоа како може да биде добра за вашето целокупно расположение во текот на тој ден! Истражувањата покажаа дека оние што во текот на денот пијат од две до три шолји кафе со кофеин имаат драстично помалку депресивни денови од оние што, на пример, пијат само една шолја дневно. Никако не ви препорачуваме да претерувате со кафето, бидејќи тоа исто така има свои негативни последици, но сега барем знаете зошто вистински уживате во пиењето на оваа топла напивка.

3-nauchno-dokazhani-namirnici-koi-ne-pravat-posrekjni-www,kafepauza.mk_

6. Лосос

Лососот ќе го пронајдете на сите листи со здрава храна и тоа со добра причина. Неговите омега-3 масни киселини ги одржуваат здрави функциите на мозокот и токму поради тоа е поврзан со доброто расположение и со борбата против депресијата. Не сте фан на риба? Спанаќот и семето чиа, исто така се богати со добри масни киселини.

7. Зелен лиснат зеленчук

Кога вашата мајка како помали ве терала да јадете многу зелен зеленчук, не ви мислела лошо! Кељот, спанаќот и марулата можат неверојатно да ви го подобрат расположението. Богати се со калциум, поради што совршено ќе ви ги урамнотежат промените на расположението карактеристични за периодот на ПМС. Плус: Содржат витамини кои го поттикнуваат создавањето на серотонин – хормонот за среќа!

4-nauchno-dokazhani-namirnici-koi-ne-pravat-posrekjni-www,kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар