6 самопрегледи што секоја жена треба да ги направи
Најдобро би било жените да го контролираат своето здравје секоја година. Посетата на лекарот би требало да вклучува и разговор за семејната здравствена состојба, но и за некои навики. Постојат и некои прегледи кои жените можат да ги извршат самите, а во продолжение погледнете кои се задолжителни.
1. Гради
Жените треба да бидат запознаени со своите гради, за да можат да ги забележат потенцијалните промени кај нив. Постои загриженост бидејќи жените се чувствуваат охрабрено поради нормалните самопрегледи, но доколку не чувствувате ништо, не значи и дека нема ништо. Градите треба да ги прегледувате еднаш месечно и да обрнете внимание на какви било промени – вдлабнатини, црвенило, осип, болка…
2. Кожа
Редовниот самопреглед на кожата еднаш месечно може да ви го спаси животот. Доколку се забележи рано, ракот на кожата може да се третира, па дури и да се излекува. Повеќето луѓе можат да имаат корист од овој преглед, особено ако имаат светол тен, црвена коса, повеќе бемки или доколку имаат историја со проблеми со кожата. Прегледот би требало да го покрие секој центиметар од вашето тело, дури и местата кои не се изложени на сонце, како делот под ноктите, под градите, па дури и гениталиите и стапалата.
3. Обем на половина
На секои 3-4 месеци, мерете го вашиот обем на половината. Ова може да биде показател за здравствени проблеми поврзани со индексот на телесната маса. Повеќе наслаги на стомакот значи и поголем ризик од разни срцеви болести, мозочен удар и дијабетес. Доколку имате облик на тело во форма на јаболка, ризикот може да биде уште поголем.
Воглавно, жените се најздрави кога половината им е помала од 88 центиметри. Ако вашата половина е поширока, размислете за вежбање и промени во исхраната.
4. Пулс
Пребрзото чукање на срцето може да биде знак за преголема активност на тироидната жлезда и за проблеми со срцето. Можете да го проверите на едноставен начин – со проверување на пулсот.
Ставете ги показалецот и средниот прст на страната од вратот и бројте ги отчукувањата 15 секунди. Потоа помножете го бројот со 4 и ќе го добиете вашиот пулс. Нормалниот пулс во мирување е помеѓу 60 и 100 удари во минута. Доколку имате над 110 или 120 удари, тогаш можеби има проблем.
5. Висина
Мерењето на висината еднаш годишно е едноставен начин да го следите здравјето на вашите коски. Губењето на висината значи и губење на коските, што може да биде знак за остеопороза. Зајакнете ги коските со пешачење, трчање и вежби со тегови.
6. Крвен притисок
Редовното проверување на крвниот притисок ќе ви каже многу за сегашната, но и за здравствената состојба во иднина. Здрава личност на која повремено и се качува крвниот притисок, а нема дијагностицирано хипертензија, би требало да го проверува притисокот во епизоди. Најмалку еднаш годишно проверувајте го крвниот притисок, но и апаратот за мерење.
Погледнете ги и останатите здравствени прегледи кои се задолжителни за секоја жена.