Само за момци: Како да препознаете дали таа глуми недостапна или навистина не е заинтересирана за вас?

Само за момци: Како да препознаете дали таа глуми недостапна или навистина не е заинтересирана за вас?

Постои многу тенка линија меѓу глумењето недостапност и вистинската недостапност. Интересно е тоа што девојката глуми недостапна ако навистина ѝ се допаѓа некој, а девојката која е навистина недостапна воопшто не е заинтересирана. Тука момците наидуваат на голем проблем, бидејќи не можат да препознаат за кој случај станува збор. Девојката која глуми недостапна е многу паметна. Таа знае дека момците секогаш ги одбираат девојките кои не покажуваат голем интерес, па затоа глуми дека и таа е една од нив.

Само за момци: Како да препознаете дали таа глуми недостапна или навистина не е заинтересирана за вас?

Ова може да биде навистина збунувачко, бидејќи ако девојката претера со глумата, момците ќе го сфатат тоа како знак за незаинтересираност и ќе се откажат, а со тоа ќе си ги уништат шансите за прекрасна љубовна врска. Па, како да направите разлика помеѓу девојката која глуми и девојката на која навистина не ѝ се допаѓате? Обрнете внимание на следниве знаци…

Глуми недостапна: Чека да ѝ пишете први, но секогаш ви враќа на пораките

Таа не сака да си помислите дека е очајна! Токму затоа, таа чека вие да го направите првиот чекор. Така ќе биде сигурна дека навистина сте заинтересирани. Откако ќе ѝ пишете, можеби ќе почекате малку за одговорот, но кога конечно ќе ви врати на пораката, сѐ ќе ви стане јасно.

Не ѝ се допаѓате: Речиси никогаш не ви одговара на пораките

Кога ќе започнете разговор на Фејсбук, некои од вашите пораки и прашања остануваат воопшто неодговорени и неискоментирани. Не дозволувајте единственото сино балонче од пред три дена да биде вашиот извор на надеж! Не ви враќа на пораките, бидејќи не е заинтересирана.

Глуми недостапна: Не сте сигурни што чувствува за вас

Таа сака да се заштити и затоа никогаш не ги открива нејзините вистински чувства кон вас. Но, врз основа на нејзините дела, можете да заклучите дека можно е да чувствува нешто кон вас. Со неколку зборови: Таа навистина ве збунува!

Не ѝ се допаѓате: Меѓу редови ви кажува дека не е заинтересирана

Веќе ви дала до знаење дека се гледа со некој друг или дека не сака да се види со вас, а нејзиното однесување само го потврдува тоа (не ви враќа на пораките, на пример). Нема ништо збунувачко тука. Продолжете понатаму.

Глуми недостапна: Намерно ве прави љубоморни со тоа што спомнува други момци

Одвреме-навреме го спомнува нејзиниот поранешен дечко, а можеби дури и ви раскажала за типот кој бил опседнат со неа и не ја оставал на мира. На тој начин, таа само сака да ви даде до знаење дека е свесна за нејзината привлечност и дека решила да биде со вас иако можела да одбере кого било.

Не ѝ се допаѓате: Отворено ви кажува дека е вљубена во некој друг и ги споделува интимните проблеми од врската

Не се обидува да ве направи љубоморни. Таа ве смета за пријател и ви се доверува вам за дечкото кој навистина ѝ се допаѓа.

Само за момци: Како да препознаете дали таа глуми недостапна или навистина не е заинтересирана за вас?

Глуми недостапна: Секое утро со брзина на светлината си заминува од вашиот дом, затоа што има некакви „планови“

Сте ја поминале ноќта заедно, но таа не сака да ви здодее и да ве напне. Токму затоа сака да избега што е можно побрзо и да ве остави да ја посакувате уште повеќе.

Не ѝ се допаѓате: Никогаш не доаѓа кај вас дома

Ако по некоја случајност имало нешто помеѓу вас, тоа било кај неа дома и во нејзини услови. Таа воопшто не покажува интерес да дојде кај вас дома.

Глуми недостапна: Флертува со некој друг пред вас за да ве направи љубоморни

Повторно, таа сака да ви даде до знаење дека има на располагање и други опции, но вие сте среќникот кој таа го одбрала.

Не ѝ се допаѓате: Си заминува со дечкото со кого штотуку флертувала пред вас

Не се обидува да ве направи љубоморни, туку едноставно сака да биде со тој дечко, а не со вас.

Глуми недостапна: Чека да ја додадете на социјалните мрежи и по неколку дена ги прифаќа вашите барања за пријател

Контролата врз социјалните мрежи ви ја препушта вам, но се спротивставува на идејата да објавувате слики заедно или да се „чекирате“ на местата каде што одите.

Не ѝ се допаѓате: Не ве прифаќа за пријател и не ве следи на Инстаграм

Не сака да бидете присутни во нејзиниот виртуелен свет, бидејќи не ѝ се допаѓате.

Глуми недостапна: Сите нејзини пријатели ве познаваат и обожаваат

Мислите дека не ѝ значите ништо, бидејќи постојано е ладна, но кога ќе ги сретнете нејзините пријатели, можете да забележите дека сите веќе слушнале многу работи за вас и ве обожаваат.

Не ѝ се допаѓате: Можеби нејзините пријатели знаат кои сте, но ве гледаат како чудниот тип кој е опседнат со неа

А можеби и воопшто не знаат дека постоите.

Само за момци: Како да препознаете дали таа глуми недостапна или навистина не е заинтересирана за вас?

Глуми недостапна: Доцни на љубовните состаноци

Секогаш доцни, но никогаш не ве остава да чекате повеќе од 10 минути и секогаш се појавува насмеана.

Не ѝ се допаѓате: Не ви ни праќа порака за да ве извести дека нема да дојде

Воопшто не го цени вашето време, бидејќи воопшто не е заинтересирана.

Глуми недостапна: Се обидува да ви докаже дека не ѝ треба вашата помош

Таа се обидува да ви даде до знаење дека е независна и способна девојка и дека не е со вас затоа што сте ѝ потребни во животот, туку затоа што така сака.

Не ѝ се допаѓате: Ве искористува за некои работи, како што е плаќање пијалаци за неа и сите нејзини пијани пријателки

Таа се однесува кон вас како да сте нејзин роб и тоа е очигледно.

Глуми недостапна: Постојано ги одложува направените планови

Сака да остави впечаток на зафатена и популарна девојка.

Не ѝ се допаѓате: Се согласила да се видите само затоа што била под дејство на алкохол

Можеби воопшто нема ни да се сеќава на средбата.

Глуми недостапна: Не избрзува со сексуалните односи

Не сака да си помислите дека е лесна девојка.

Не ѝ се допаѓате: Можеби еднаш сте имале секс под дејство на алкохол, но потоа јасно ви дала до знаење дека тоа никогаш нема да се повтори

И била во право. Навистина никогаш не се повторило.

Доколку го прочитавте текстот и забележавте дека има повеќе знаци кои ја потврдуваат нејзината незаинтересираност, време е да продолжите понатаму. Но, ако преовладуваа знаците кои укажуваат на тоа дека таа само глуми недостапна, немате никаква причина за сомнеж! Таа е заљубена до уши во вас, само чека вие да го направите првиот чекор и да ги признаете вашите чувства.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар