Само за девојките со локни: Што е потребно за да имате коса од бајките?
Доколку имате проблеми со вашите локни, тогаш погледнете ги следниве неколку совети кои ќе ви помогнат да го вратите нивниот сјај. Станува збор за 4 едноставни постапки кои доколку ги применувате редовно, вашата виткана коса ќе изгледа како да е од бајките.
Соодветна фризура
За девојките со локни најважниот дел е добриот фризер кој знае како да шиша локни со цел нивната коса да изгледаат добро дури и кога е исправена. Многу е важно да внимавате тој или таа да не ви ја скрати косата во форма на „кугла“ (освен ако не сакате афро изглед), односно да обрне внимание на долниот дел од косата да не изгледа претежок во однос на горниот. Исто така многу е важно и да внимава на прамените околу вашите лице.
Малку шампон, многу регенератор
Витканата коса си бара исклучително специфични производи. Вие можете да најдете многу добри шампони за локни, кои и не се многу скапи. Исто така секогаш одбирајте ги оние кои на нив ја имаат ознаката „moisture“. Многу е важно да се внимава на количината која ја нанесувате на вашата коса, па затоа и најдобрата формула за вас е: шампон во големина од монета од 5 денари, додека пак, регенераторот треба да се дуплира. По нанесувањето на шампонот, внимавајте добро да го измиете со цел да не ви се таложи на коренот, а регенераторот нанесувајте го на само 3/4 од косата – никако на корените.
Регенератор во спреј
Регенераторите кои не се мијат се одлични за оние со локни чија коса постојано изгледа суво. Вие можете слободно да нанесувате на врвовите помеѓу миењето на косата, како замена за различни производи за стилизирање.
Прстите како најдобра алатка за брза фризура
Девојките со виткана коса имаат среќа бидејќи нивната фризура може да се поправи каде било и кога било. Сè што им е потребно се нивните прсти, со кои прво треба да ја одвојат својата коса на 10-15 прамени, а потоа со прстите да поминат низ локните.