Само вие можете да го промените својот живот
Чувствителни сте и мислите дека ја губите контролата врз својот живот? Потребен ви беше подолг период за да сфатите одредени работи за себе? Добрата вест е дека конечно се разбудивте! Првиот знак за вашето будење е дека сте свесни дека кај вас почнало нешто да се менува, но и дека размислувате за својот живот и како можете да го промените. Прочитајте во продолжение како да ја преземете контролата во свои раце.
Наивно е да се верува дека постои некој што ќе ви ги открие сите тајни и ќе ви го направи животот извонреден. Наивно е да се мисли дека во туѓите искуства навистина можеме да пронајдеме решение за сопствените проблеми односно да ги примениме на своите искуства со еднаква шанса за успех. Туѓите искуства можат единствено да ни бидат показател на еден добар можен исход, показател дека е можно да се промени ситуацијата во која се наоѓаме. Можат да ни бидат мотив за понатаму, прилика да го искористиме сето она што тие го знаат за да се унапредиме и да дојдеме до сознание како да ја решиме сопствената ситуација. Другите луѓе треба да ни бидат прилика за учење, за мотивација, шанса за да гледаме на животот со други очи односно да го откриеме она што сами не сме можеле бидејќи очите ни биле премногу замаглени од емоции.
Дали знаете дека сте единствени коишто го имате одговорот за тоа што ви се случува? Многу е веројатно дека до ова сознание сте дошле сами слушајќи ги своите емоции или его наместо непогрешливата интуиција. Првото нешто што мора да направите е да признаете дека сте чувствителни, но и дека самите сте одговорни за сè што сте пуштиле во својот живот. Кога на проблемите ќе им пристапите така што ќе тргнете од себе, ќе сфатите колкава моќ сте им дале на другите за да ги претворат во добро или лошо одредени ситуации. Ако го разберете ова ќе почувствувате голем наплив на енергија и страв бидејќи конечно пристигна тоа од коешто бегате односно дека вие сте единствена личност којашто знае како и каде по проблемите и падовите. И тоа е она што често ве спречува да заиграте повторно бидејќи премногу пати сте се сомневале во себе и своите способности ги прилагодувавте и проценувавте поволни шанси. Полесно ви беше да ги пуштите недоволно блиските луѓе со нивните совети и својот пример да ве водат низ животот.
Мора да научите да ги отпуштите кочниците, да прекинете на другите да им давате моќ и енергија и конечно да го изразите она од коешто се плашите за да се соочите со стравот и да се уверите дека нема од што да се плашите. Плашете се од оние верзии кои можат, но не мора да се случат. Нема да се случат ако се грижите за своите чекори и знаете на кој начин нешто ќе постигнете. Нема да ги предизвикате ако сте свесни дека го вложувате својот максимум, дека правите нешто искрено и со цело срце. Нема да се случи бидејќи ќе бидете премногу фокусирани на следните чекори наместо како повеќето да седите на каучот и да ги набројувате најстрашните опции.
И во тоа се согледува најголемата разлика помеѓу оние кои можат сè и оние кои го живеат она „не сум и не можам“. Овие првите секогаш ќе ризикуваат, ќе ги планираат нивните чекори што ги водат до целта. Ќе се обидуваат одново секогаш кога ќе паднат, ќе учат од своите падови, ќе се стремат следниот пат да направат подобри и посигурни чекори. Нема константно да си преговараат, да се сомневаат во себе и да тагуваат бидејќи знаат дека тоа е одземање на драгоценото време и енергија. Знаат дека е попаметно тоа време да се истроши на одмор, полнење на батериите и развивање нови идеи.
Затоа не ги барајте одговорите во другите, не им го препуштајте кормилото од вашиот брод. Вистинско време е да ги побарате одговорите длабоко во себе и да почнете да се чувствувате подобро. Кога ќе го направите првиот чекор, останатите ќе доаѓаат сосема природно и лесно. Кога тоа ќе се претвори во рутина, во нешто занемарливо и лесно, нема ни да почувствувате колку далеку сте заминале од несигурноста и плашливоста. Кога еднаш ќе дојдете на определеното место ќе сфатите дека вредело да издржите некои граници на „невозможно“. Ќе сфатите дека ништо од тоа не било невозможно туку дека требало да се тргне. Тргнете по патот по кој сакате да чекорите. Не чекајте утре, не чекајте да бидете подготвени бидејќи добро знаете дека никогаш не сме целосно подготвени. Во тоа е и магијата на убавината, да се соочите неподготвени со она што наишло на вашиот пат, за да излезете посилни и да станете тоа што сте сакале да бидете.
Дознајте кои се сигурните знаци што покажуваат дека ви е потребна итна промена.