Само маж кој не се сака себеси може да се однесува лошо со жената што го љуби

Само маж кој не се сака себеси може да се однесува лошо со жената што го љуби

Дали сте имале проблем со силеџии во основно училиште? Се сеќавате што ви велеа вашите родители за нив? Силеџиите кои делувало како да ве мразат од дното на душата, всушност немале проблем лично со вас. Сите нивни омаловажувања и малтретирања немале никаква врска со вас, туку со нив самите. Истото важи и за мажите, особено за оние кои се однесуваат лошо со жените.

Само маж кој не се сака себеси може да се однесува лошо со жената што го љуби

Момците кои им симнуваат ѕвезди на девојките, а по неколку недели целосно го менуваат однесувањето, не го прават тоа затоа што не им се допаѓате повеќе. Тоа го прават затоа што тие самите не си се допаѓаат на себе.

Кога сте во врска со здрав и самоуверен маж и тој ќе сфати дека не е повеќе заинтересиран за вас, ќе ви го каже тоа отворено, на убав и културен начин. Одбивањето секогаш боли, но нема да можете да се налутите бидејќи сте биле почитувани.

Ако се гледате со несигурен маж, сигурно сте забележале дека тој очекува сѐ од вас веднаш по првата средба. Планира патувања со вас, сака да ги запознае вашите родители и постојано ви вели колку е среќен што ве запознал. Се знаете само 5 минути а веќе сте го освоиле неговото срце. Но, неколку дена подоцна, возбудата се гаси и тој повеќе не ви се јавува. Ви вели дека повеќе му се допаѓа некоја друга девојка и дека не сака да продолжи да се гледате или пак ви кажува дека не може да се замисли во врска со вас.

Овие момци не го мислат она што го велат. Нивните зборови всушност се однесуваат на нив самите. Само несигурните луѓе можат намерно да повредат друг човек. И тие никогаш нема да можат да ве сакаат, затоа што не се сакаат себеси.

Бидете внимателни кога ќе налетате на маж кој сака веднаш да ви даде сѐ. Чувајте се од оние кои веднаш сакаат да започнат врска со вас без да ве запознаат како што треба. Доколку се најдете во ваква ситуација, немојте да ги слушате неговите зборови. Вашата самодоверба не смее да биде разнишана поради некој кој воопшто не е сигурен во себе.

Нормално е понекогаш да се излажете и да поверувате на неговата слаткоречивост, но не му дозволувајте да ве скрши. Вие вредите и заслужувате љубов. Не дозволувајте некој несигурен маж да ве натера да поверувате во спротивното.

Доколку не сте задоволни од однесувањето на вашиот партнер, прочитајте ги овие 12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар