Само губите време: 10 нешта во кои никогаш нема да ја најдете среќата

Само губите време: 10 нешта во кои никогаш нема да ја најдете среќата

Многу често ја трошиме нашата енергија, заглавени во лавиринтите на животот, размислувајќи за тоа како еден ден ќе побегнеме од сѐ. Таа измислена иднина нѐ води напред, или барем така ни изгледа. Но, кога луѓето се несреќни, тоа е затоа што ја бараат среќата на погрешни места. Факт е дека сè додека имаме материјални желби, не е можно да ја пронајдеме совршената среќа. Но, без разлика на сè, вие сигурно нема да ја најдете среќата на овие десет места!

10 места на кои нема да ја најдете среќата

1. Фантазии за лесен живот

Животот е тежок, но вие сте силни. Болката само ќе ве направи посилни, а соочувањето со стравот ќе ве направи похрабри. Некогаш нештата треба да тргнат во непосакуван правец за најпосле да станат исправни. Некогаш треба да поминете низ најлошото, за да стигнете до најдоброто. Вашиот живот не треба да биде лесен, туку да има вредност. Ако не постои борба, нема да има ниту напредок.

2. Минато кое повеќе не постои

Вие се менувате, исто како што се менува светот и вселената околу вас. Само затоа што нешто било исправно во минатото, не значи дека сѐ уште е исправно. Без разлика дали се работи за врска, работа, дом, навики… Откажувањето од некои нешта не ве прави слаби, туку напротив, доволно силни и паметни да се откажете од старото, за да направите простор за новото. Не грижете се за вратите кои се затвориле зад вас. Нови врати се отвораат во секој момент и ќе ги откриете само доколку продолжите да се движите кон напред.

3. Иднина која е неизвесна

Многу често ја трошиме нашата енергија, заглавени во лавиринтите на животот, размислувајќи за тоа како еден ден ќе побегнеме од сѐ. Таа измислена иднина нѐ води напред, или барем така ни изгледа. Но, ние никогаш нема да побегнеме. Ние едноставно ги користиме мислите за иднината за да побегнеме од сегашноста, повторно и повторно, сè додека не дојдеме до крајот на нашиот живот, без воопшто да живееме.

4. Изговори за двоумење

Најдобрата работа што можете да ја направите за себе е да престанете да зборувате: „Би сакал/а“, да почнете да велите: „Јас можам“ и да направите нешто по тој повод. Потребно е еден ден да се разбудите и да решите дека не сакате повеќе да се чувствувате како досега. И тогаш направете промена, ете толку е едноставно. Додека чекориме по животниот пат, среќата се случува кога сме подготвени секоја прилика да ја зграпчиме без двоумење.

5. Удобна зона

Може да се чувствувате пријатно пливајќи во малото езеро на кое сте се навикнале, но ако не излезете од вашата удобна зона и не тргнете во пресрет на големите бранови, никогаш нема да ја откриете убавината на бескрајниот океан, затоа што никогаш нема да знаете ни дека таа постои. Држењето само до она кое ве прави да се чувствувате пријатно може да биде главна причина зошто чувствувате дека нешто недостасува во вашиот живот.

10 места на кои нема да ја најдете среќата

6. Материјални вредности

Никогаш нема да имате доволно од она што ви е потребно за да бидете среќни. Размислете за тоа. Убаво е да имате пари и богатства кои се купуваат со пари, но важно е да не заборавите на бесценетите нешта кои не можат да се купат со ништо на светот. Не ви е потребно големо богатство за да живеете богат живот. Вредноста на добрите пријатели и семејството се вашето вистинско богатство. Наместо да се фокусирате на она што би сакале да го поседувате, размислете од што би можеле да се ослободите. Исфрлете ги непотребните нешта, оние кои ви претставуваат непотребен товар и ќе почувствувате дека тежината ве напуштила.

7. Посветеност на само едно нешто

Ако јадете повеќе отколку што треба, ќе се здебелите. Ако трошите повеќе отколку што имате, ќе бидете сиромашни. Ако премногу работите, ќе му недостасувате на вашето семејство. Ако премногу се забавувате, оставате многу незавршени работи. Среќата зависи од правилното распределување и искористување на времето и ресурсите. Долгорочната среќа никогаш не се наоѓа во само едно нешто, туку е комбинација од балансирање на обврските и потребите во вашиот живот.

8. Погрешна врска

Не е важно да имате безброј врски, туку квалитетни врски. Поминувајте повеќе време со луѓето кои ве прават подобар човек. Опкружете се со луѓе кои ќе ве издигнат на повисоко духовно ниво. Најдете ги луѓето кои ќе ве почитуваат исто како што и вие ги почитувате нив. Негувајте ги односите само со оние кои се среќни и горди што ве имаат во својот живот.

9. Одобрување од неважни луѓе

Задржете го вашето достоинство и секогаш бидете искрени кон себе. Не дозволувајте им на другите да ви кажуваат кои сте вие. Секогаш ќе постојат луѓе кои го одобруваат или не го одобруваат начинот на кој изгледате, начинот на кој зборувате, работите кои ви се важни, стилот кој ви се допаѓа… Но, вистината е дека мислењето на тие луѓе е потполно неважно. Од вас зависи дали ќе им дозволите да ви го расипат расположението или ќе одлучите цврсто да се држите до вашите ставови и да се прифатите такви какви што сте.

10. Префрлање на вината

Ако ги обвинувате другите за она низ кое поминувате, тогаш ја отфрлате вашата одговорност за вашиот живот. Всушност, цената на среќата е во одговорноста. Никој не е одговорен за вас, затоа што вие имате целосна контрола над вашиот живот. Можеби сте научени да ги обвинувате родителите, професорите, образованието, владата… Но, никогаш себеси?! Едноставно вие не сте виновни за ништо… Ова е погрешно. Секогаш грешката е ваша, бидејќи ако сакате да се промените, ако сакате да тргнете напред во животот, единствената личност која може да го направи тоа сте вие.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар