Само емоционалната поврзаност може да ги одржи меѓучовечките врски во живот

Само емоционалната поврзаност може да ги одржи меѓучовечките врски во живот

Емоционалната поврзаност е едно од најубавите искуства што човек може да ги доживее во текот на животот. Емоционалната поврзаност, односно чувството на длабока интимност со друга личност или група луѓе, се појавува кога срцата на луѓето се целосно отворени и подготвени да преземат максимална одговорност за сопствените чувства и потреби. Таа се јавува само тогаш кога луѓето се длабоко поврзани со сопствената личност. Кога луѓето се поврзани со себеси и со нивниот внатрешен извор на љубов, вистина и мудрост, тие се полнат со толку многу љубов што можат да ја споделат и со останатите.

Само емоционалната поврзаност може да ги одржи меѓучовечките врски во живот

Постои голема разлика меѓу луѓето кои сакаат да добијат љубов, интимност и поврзаност, и оние кои сакаат да споделат љубов. Тоа можат да го направат само луѓе кои работат на себе и преземаат одговорност за сопствените постапки. Оттаму и произлегува всушност целата забава, учење, развој и креативност.

Емоционалната поврзаност се случува и кога луѓето се ранливи поради што сакаат да ги споделат нивните стравови, болка и предизвици. Меѓутоа, понекогаш луѓето доживуваат емоционална поврзаност само преку споделување на нивната болка, наместо преку споделување на нивната страст, креативност, знаење и радост. И покрај тоа што споделувањето на болката е важен дел од секоја врска, кога тоа е единствениот начин на кој луѓето остваруваат интимност, врската станува нефункционална и токсична.

Вистинската интимност во една врска произлегува од посветеноста на двата партнера и негувањето на позитивните чувства како што се добрина, сочувство, заедништво, желба за учење, одговорност и верба во меѓусебниот однос. Станува збор за пријатно и убаво чувство предизвикано од сознанието дека ниту еден од партнерите не треба да преземе одговорност за другиот. За да постигнеме емоционална поврзаност со друг човек, прво треба да оствариме емоционална поврзаност со самите себеси.

Само емоционалната поврзаност може да ги одржи меѓучовечките врски во живот

Колку повеќе работиме на тоа да ги совладаме нашите стравови и колку поискрени сме со самите себеси, толку поотворени и подостапни ќе бидеме и во односите со другите луѓе. Ако секојдневно се трудиме да преземеме одговорност за нашите чувства и потреби, постепено ќе се соочиме со нашите стравови и ќе ги отфрлиме верувањата кои нѐ ограничуваат во животот и нѐ спречуваат да бидеме отворени и искрени со луѓето.

Само со остварувањето емоционална поврзаност можеме да ја победиме осаменоста. Не мора да бидеме сами за да се чувствуваме осамено. Понекогаш чувството на осаменост се јавува и во присуство на други луѓе. Модерното општество поголем акцент става на разумот, отколку на срцето и токму затоа многумина се чувствуваат отфрлено и осамено. Нашата осаменост ќе исчезне само кога ќе можеме да ја споделиме нашата насмевка, уживање, радост, креативност, искреност, знаење и љубов. Секогаш кога сме опкружени со луѓе кои ја слушаат главата а не срцето, можеме да заглавиме во нашата сопствена ранливост и болка, наместо да запловиме по емотивната креативна река што ја означува вистинската емоционална поврзаност.

Емоционалната поврзаност е храна за срцето и душата. Без неа, секогаш ќе чувствуваме како нешто да ни недостасува во животот. Можеме да научиме како да се поврземе со самите себеси, но нам како човечки суштества ни треба интеракција, а споделувањето на љубовта е најубавото и најослободувачкото животно искуство што можеме да го доживееме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар