Само еден магичен збор може да го припитоми срцето на секој маж
Ако некогаш сте биле со маж што ви зборувал дека не е подготвен за сериозна врска, тогаш знаете колку може тоа да биде фрустрирачко. Вие сте вложиле толку време, труд и емоции во тој маж, а потоа го слушате како ви вели дека сака да ја прекине вашата врска бидејќи станува сериозна. Ова лесно може да ве доведе до работ на живците и да ве натера да го проколнувате машкиот род.
Пред да го направите тоа, обидете се да го употребите овој магичен збор. Најпрво, можеби сте во искушение да се расправате со него и да му објасните колку не вредат сите тие причини поради кои тој наводно не е спремен. Но не правете го тоа. Ако почнете да се карате и да му велите дека е незрел, единствено што ќе постигнете е тој да ве доживее како своја мајка и да ја изгуби сета страст што досега ја чувствувал за вас.
Наместо тоа, секој пат кога ќе чуете изговор што звучи како целосна бесмисленост, изговорете го овој магичен збор: „Разбирам“. И не мора да кажете ништо повеќе. По кратката пауза поминат во размислување, тој ќе додаде уште неколку тривијални причини што ќе ве разбеснат дополнително и ќе ве натераат да сакате да се карате. Повторно кажете само „Разбирам“.
Единствениот заклучок што тој ќе го извлече од овој разговор е дека вие го разбирате и го цените неговото мислење. Не велиме навистина да се согласувате со него, туку едноставно да го прифатите фактот дека секој има право на свои размислувања и емоции. И покрај тоа што можеби и не го разбирате во целост, кога ќе го изговорите овој збор, вие го признавате неговото право на донесената одлука.
Во овој момент тој веќе ќе почне да сфаќа дека крај себе има личност што го цени и што би можела да го разбира за многу други работи и во иднината. Ако ви предложи да останете на истото, едноставно извинете му се и кажете дека и покрај тоа што го разбирате, вам не ви е пријатно да продолжите на тој начин бидејќи ви е потребно повеќе.
Ако тој навистина ве цени и сака, ќе направи голема отстапка за вас и ќе се впушти во врската што толку долго се обидувал да ја избегне. Тој ќе се потруди да ве задржи, затоа што најверојатно никогаш досега не се почувствувал толку разбрано од страна на друга личност. Ова му носи сигурност што ретко кој би сакал да ја одбие. Од друга страна пак, ако ве остави – тогаш подобро што се случило сега, бидејќи тој не е вистинскиот за вас!
Подолго време сте во врска? Прочитајте и за овој еден и единствен збор кој има моќ да ја спаси вашата врска!