Само еден комплимент може да доведе до подобар сексуален живот

Само еден комплимент може да доведе до подобар сексуален живот

Одлично е да имате партнер што искрено ќе ве пофали. Но, кога станува збор за сексот, само еден комплимент може да направи голема разлика. Според истражувањата, сознанието дека вашиот партнер го сака и ужива во вашето тело ќе влијае позитивно на вашиот сексуален живот.

Истражувањето што било објавено во списанието „Sex and Marital Therapy“ проучувало 244 жени на возраст од 18 и 30 години. Секоја од нив била во врска најмалку три месеци и била сексуално активна во последните месец дена. Тие одговарале на прашања за своето тело и за сексуалниот живот.

Нивната задача била да оценат колку се согласуваат со изјавите како „Се чувствувам добро во своето тело“ и „Го почитувам своето тело“. Тие потоа ги оценувале изјавите од перспективата на нивниот партнер како „На мојот партнер му се допаѓа моето тело“.

Следната фаза биле одговори на прашања за сексуалниот живот. Истражувачите ги прашувале колку често чувствувале сексуални желби, како и колку биле интензивни нивните возбуда, оргазми и сексуалното задоволство. Жените го оцениле и своето вкупно задоволство од врската, земајќи го предвид и тоа колку ценето се чувствувале.

Резултатите? Колку повеќе жените чувствувале дека нивниот партнер го цени нивното тело, толку позадоволни биле од својот сексуален живот, како и општо од врската. Оние кои ја чувствувале возбудата на партнерот биле многу повеќе возбудени и имале подобар секс.

Постоела поврзаност и помеѓу тоа колку жените го ценеле сопственото тело и колку мислеле дека нивниот партнер го цени. Жените со поголема самодоверба во своето тело биле со партнери кои исто така повеќе уживале во нивното тело.

Истражувачите мислат дека покрај емоциите, многу е важна и довербата. Ако сте сигурни дека вашиот партнер ужива во вашето голо тело, вие ќе бидете посамоуверени, полесно ќе се опуштите и ќе уживате во сексуалниот однос со партнерот.

Што треба, а што не треба да направите за вашата хигиена по сексот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар