Сакате да изгледате поубаво? Легнете си да спиете!

Сакате да изгледате поубаво? Легнете си да спиете!

Сигурно сте чуле дека сонот има големо влијание на убавината повеќе милион пати, но дали постоеле докази дека спиењето може да го смени вашето лице? Досега немало. Но, најновите истражувања покажале дека доколку пропуштите само неколку часа спиење, ќе може да забележите големи разлики во вашиот изглед.

Сакате да изгледате поубаво? Легнете си да спиете!

Истражувачите фотографирале група луѓе по два дена нормално спиење и по два дена недоволно спиење од 4 часа или помалку. Потоа, од друга група испитаници побарале да ја оценат привлечноста на луѓето од фотографиите и резултатите биле кристално јасни: Луѓето кои не спиеле доволно биле помалку привлечни.

Доколку минатата вечер сте спиеле помалку од 7 часа и не сте задоволни од вашиот изглед, знаете што треба да направите. Веднаш прегрнете го креветот и поспијте малку. Дружбите со пријателите и домашните обврски можат да почекаат.

Во продолжение дознајте зошто имаме потреба од спиење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар