Сакате да имате долга и здрава коса? На овој начин направете таа да порасне побрзо, поздраво и посјајно!
Во мода е долгата коса. Тешко е да ја пораснете, но ние сакаме да ви помогнеме да успеете во тоа. Долгата коса, ако е сува и расцветена, ќе делува непривлечно и ќе изгледа како да имате малку влакна на главата. Од долгата, бујна и сјајна коса ве делат само неколку чекори и правила кои мора да ги испочитувате до крај. За почеток, замислете се себеси со долга, бујна коса до под рамената која мами воздишки и предизвикува љубомора. Она што сигурно ве мачи, како и поголемиот број жени, е како косата да порасне до одредена должина, а потоа да „застане“.
Вистина е дека на некои косата им расте побрзо, а на некои побавно, но ваше е да ѝ овозможите таа да ја употреби својата полна сила. Една од причините зошто се случува ова е тоа што почесто користите фен, фигаро или преса за коса кои го истанчуваат влакното и ги оштетуваат краевите на косата. Дури и стресот може да доведе до губење, проретчување и паѓање на косата. За вашата коса да започне да расте со полна брзина, направете го следново.
1. Користете рицинусово масло
Рицинусовото масло е полно со витамин Е и омега-9 киселини кои ќе направат вашата коса буквално да оживее, да се поправи и да започне брзо да расте. Рицинусовото масло можете да го ставите во шампонот заедно со масло од кокос или бадем или едноставно да го втриете на темето и да го оставите да делува околу 45 минути, а потоа да ја измиете косата. Природните препарати богати со рицинусово масло, еукалиптус, лаванда и камилица исто така ќе направат косата да започне да расте брзо.
2. Направете маска од јајца
Јајцата се богати со протеини и содржат железо, цинк, селен, сулфур и фосфор кои помагаат во обновувањето на фоликулите на влакната. Маската од јајца можете да ја користите еднаш месечно, а ефектите ќе бидат веднаш видливи. Изматете ги белките и во таа смеса додадете четири лажички сончогледово масло и неколку капки масло од лаванда. Смесата втријте ја на темето и оставете ја да делува околу половина час. Наместо со масло, белката можете да ја изматите со млеко, маслиново масло и сок од лимон.
3. Глина
Таа длабински ја чисти косата, ги исфрла токсините, ја подобрува циркулацијата и логично, со самото тоа самата коса побрзо расте. Глината треба редовно и долго да се користи. Поголемиот дел од препаратите кои ги користиме содржат јаки супстанци кои иако не ги нанесуваме на темето, завршуваат на него… Исто така, самиот воздух е полн со штетни материи, особено во градските средини, па многу е важно темето редовно и длабински да се исчисти од сите нечистотии.
4. Консумирајте храна богата со протеини
Протеините се исто така важни за здравјето на косата. Тоа е така, бидејќи самата коса има протеински состав. Количината на протеини која ја внесува личноста може директно да влијае на здравјето на косата. Ако се внесуваат доста протеини преку исхраната, ќе се подобри и растот на косата, но и бројот на влакната. Ако личноста внесува намален број протеини преку исхраната, најверојатно ќе дојде и до истанчување на косата и послаб раст. Затоа, за здрава и долга коса се препорачува консумирање пилешко, јајца, бадеми, риба и кикиритки кои се многу богати со протеини.
5. Зелен чај
За брз раст на косата и за здрава и убава коса не е важна само надворешната нега. Мора и да го исчистите вашиот организам однатре, а зелениот чај е една од намирниците која го забрзува метаболизмот. Бавниот метаболизам влијае на сè, па и на растот на вашата коса.