Сакате да биде крај, тогаш така нека биде: Не останувајте во несреќната врска поради овие причини

Сакате да биде крај, тогаш така нека биде: Не останувајте во несреќната врска поради овие причини

Понекогаш имаме повеќе погрешни причини да останеме во врската која пополека се гасне и во која повеќе не чувствуваме задоволство, отколку што имаме добри причини за да раскинеме. Не можеме целата вина да ја префрлиме на партнерот, ништо драматично не се случило, но и немаме некоја подобра опција. Навикнати сме, удобно ни е, се плашиме од самотија. Многу парови го минуваат животот во ваков однос, прифаќајќи ги неуспехот и незадоволството.

1-sakate-da-bide-kraj-togash-neka-bide-taka-ne-ostanuvajte-vo-nesrekjnata-vrska-poradi-ovie-prichini-www.kafepauza.mk_

1. Не сакате да го повредите партнерот

Немате ништо против него, не се однесува лошо и не е напорен, но не сфаќа дека вие не сте среќни со него. Во суштина, тој ви е мил и не сакате да го повредите, иако не гледате каде тоа ќе ве одведе во иднина. Па, можеби би било добро да замислите како пополека тонете во незадоволство и сè повеќе го мразите партнерот кој не ги исполнува вашите очекувањата и кој повеќе не го сакате. Можеби доволно ќе се исплашите од она што ќе го замислите.

2. Удобен ви е стилот на живот со партнерот иако тој не ви одговара

Можеби тоа е материјалната сатисфакција, статусот, општествената положба. Со него животот е лесен и луксузен, но би бил совршен ако тој не е тука. Воздивнувате и помислувате дека совршенство не постои и дека не треба да ги ризикувате летувањата, зимувањата, забавите и благородното друштво, додека истовремено знаете дека повеќе го трпите отколку што го толерирате партнерот. Но, колку долго ќе помине додека не ви се досади и започнете да барате тајни излези и вентили, да влегувате во авантури и да се коцкате со можноста партнерот да ве открие – додека потајно се надевате во тоа и дека конечно вашата врска ќе заврши?!

3. Мислите дека нема да најдете подобар

Можеби се потценувате, а можеби сте убедени дека не заслужувате подобро. Кој ќе сака некој како вас? Недостатокот на самодоверба и свеста за сопствените вредности се одличен начин за да се закопате во врска во која ве држи само чувството на вина – најдовте партнер и сега морате да го трпите, бидејќи тој е доволно добар, а вие не сте. Дали ќе го поднесете тоа што не го сакате и не чувствувате блискост и поврзаност, а најверојатно и вашиот интимен живот не е добар? Можете ли?

2-sakate-da-bide-kraj-togash-neka-bide-taka-ne-ostanuvajte-vo-nesrekjnata-vrska-poradi-ovie-prichini-www.kafepauza.mk_

4. Верувате дека љубовта ќе оживее

Сте се сакале на почетокот. И минува време, а вие и понатаму се прашувате како тие чувства се изгасиле и се претвориле во навика и досада. Но, поради таа љубов сте останале во врска. Можеби ќе оживее. Кога ќе помине лошиот период. Кога ќе помине животот.

Знаете што? Љубовта не исчезнува. Бидејќи не станува збор само за чувствата. Ако таа се гасне, тогаш треба да работите на другите аспекти на љубовта, кои ја прават врската квалитетна и исполнета. Ако и двајцата работите на тоа, ќе ги сочувате и нежните чувства, односно, ќе научите да посегнете по нив кога ќе ви затребаат. Ако тој однос не постои, тогаш не постои ниту љубов.

5. Се плашите од несигурност за во иднина

Најнови вести: не постои сигурна иднина. Сигурен е само крајот на секоја иднина, како и на секоја сегашност или пак минато, барем кога се работи за вас. Што е тоа сигурна иднина? Сигурно е дека ќе бидете несреќни и незадоволни во врската во која не сте задоволни? Па, ако тоа е вашиот избор…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар