Ружи од јаболка кои се вкусни како што изгледаат

Ружи од јаболка кои се вкусни како што изгледаат

Не мора да бидете врвен готвач за да го направите овој колач кој навистина е вкусен како што изгледа

Ружи од јаболка кои се вкусни како што изгледаат

Потребни состојки:
  • едно пакетче смрзнато лиснато тесто
  • 2 црвени јаболка
  • сок од половина лимон
  • една лажица брашно за попрскување на површината
  • 3 лажици мармалад од кајсија
  • цимет и шеќер во прав по желба
Начин на подготовка:

Исчистете ги јаболката, исечете ги на тенки парченца и ставете ги во сад во кој претходно сте го раствориле лимоновиот сок со вода. Потоа садот со јаболката ставете го во микробранова околу 3 минути за да омекнат.

Ружи од јаболка кои се вкусни како што изгледаат

Попрскајте ја површината за работа со брашно и врз неа поставете го лиснатото тесто. Исечете го на 6 долгнавести парчиња, намачкајте го со мармаладот од кајсии и наредете го со тенко исечените парчиња јаболка како на сликата. Јаболката треба претходно да ги исцедите од течноста.

Ружи од јаболка кои се вкусни како што изгледаатРужи од јаболка кои се вкусни како што изгледаат

Попрскајте ги со цимет и замотајте го тестото во форма на мали ружички. Секоја од ружичките ставете ја во калап за печење.

Ружи од јаболка кои се вкусни како што изгледаат Ружи од јаболка кои се вкусни како што изгледаатРужи од јаболка кои се вкусни како што изгледаатРужи од јаболка кои се вкусни како што изгледаат

Печете на 200 степени околу 40-45 минути додека убаво не се испечат. На крај попрскајте ги со шеќер во прав.

Ружи од јаболка кои се вкусни како што изгледаат

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар