Рутина за вежбање од 4 минути која заменува 1 час во теретана

Рутина за вежбање од 4 минути која заменува 1 час во теретана

Заморното вежбање во теретана не е за секого, и искрено многу пати немаме ни време за тоа. Сепак, ова не е изговор за да не вежбате. Погледнете ги овие вежби кои ќе ви одземат помалку од 5 минути, а се исто ефективни колку одењето во теретана.

1. Чучнувања

Поставете ги нозете во ширина на колковите. Почнете да клекнувате како да сакате да седнете на столче. Клекнете најмногу што можете, и држете го грбот исправен. Вратете се во почетната положба истегнувајќи ги мускулите на нозете и задникот.

2. Склекови

Застанете во позицијата А. Рацете се поставени во ширина на рамената, а рамената, колената и стапалата се во иста линија. Бавно почнете да го спуштате телото свиткувајќи ги рацете и држете ги лактите близу до вашето тело. Вратете се во почетната позиција. Оваа вежба е одлична за вашиот трицепс.

3. Искачување планина

Ова е комплексна вежба која ќе ги зајакне вашите стомачни мускули и ќе ви помогне да согорите калории. Почетната позиција е иста како кај склековите. Стегнете ги стомачните мускули, подигнете ја десната нога и полека придвижете ја кон градите. Внимавајте на положбата на грбот и колковите, тие треба да бидат статични. Вратете се во почетната положба и повторете ја вежбата со другата нога.

4. Исчекорувања

Поставете ги нозете во ширина на рамената, рацете ставете ги на половината. Направете голем чекор напред со левата нога. Левата нога треба да формира прав агол, а десното колено речиси да го допира подот. Потоа вратете се во почетната положба со поттурнување со предната нога. Повторете ја вежбата со другата нога. Кога ја правите оваа вежба, важно е вашиот грб да биде исправен.

5. Скокови

(5)rutina-za-vezhbanje-od-4-minuti-koja-zamenuva-1-chas-vo-teretana-kafepauza.mk

Оваа вежба е дел од тренингот на војниците бидејќи ја подобрува физичката и аеробната издржливост. Во почетната положба рацете се поставени покрај телото. Скокнете раширувајќи ги нозете и кревајќи ги рацете над вашата главата. Вратете се во почетната положба со краток скок, и повторете ја вежбата.

План за вежбање

  • Чучнувања – 60 секунди
  • Склекови – 30 секунди
  • Качување на планина – 30 секунди
  • Исчекорувања – 60 секунди
  • Скокови – 45 секунди

Вежбањето во кратки интервали е ефективно. Поради брзиот ритам се согоруваат голем број калории за краток временски период.

Погледнете ги и овие едноставни вежби за послаби нозе и стегнат задник.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар