Русокосите може да заминат во пензија: Ова е бојата на коса за која жените целосно полудеа!
Иако веќе имавме можност да видиме неколку нови бои и фризури кои ќе бидат хит за оваа есен, во меѓувреме се појави уште една сосема неочекувана боја која ќе ве остави изненадени. Погледнете за што станува збор…
Станува збор за жолта боја. Но, не онаа руса, како што обично ја нарекуваме, туку вистинска жолта боја. Како сонцето! Боја, каква што сѐ уште сме немале прилика да ја видиме на улиците, а која без сомнение ќе ја понесат само најхрабрите дами.
Дијаметрално спротивна од сите досега видени бои, се предвидува да стане хит за само неколку месеци. Модните блогерки и трендсетерки веќе се залетаа и стојат во ред за да го пробаат овој необичен изглед, која ќе ги краси нивните коси.
Доколку се одлучите за ваков изглед во оваа есен, имајте на ум дека со сигурност ќе „паднете во очи“ и дека сигурно ќе ви пријдат на улица и ќе ви побараат број од вашиот фризер. Секако, ова важи за оние посмелите. Оние кои не се егзибиционисти, им препорачуваме да ја задржат својата боја на коса, бидејќи ова е сепак значајна промена.