Руски народен рецепт: Излечете ги хемороидите за една недела
Хемороидите се еден од најчестите здравствени проблеми кои се појавуваат како резултат на современиот начин на живот. Слабо движење, неправилна исхрана, наследена склоност, бременост, запек – сите овие фактори можат да предизвикаат засилен притисок на вените во ректумот при што доаѓа до насобирање крв и болни отоци.
Чешање, чувство на притисок однатре, болни отоци, опипливи чворови и последователно крварење се првите симптоми кои укажуваат на настанување на хемороидите. Доколку имате зачестени проблеми со хемороидите потребно е да се обратите на доктор, а доколку се во рана фаза, можете многу да си помогнете со промена на животниот стил.
Исхраната богата со влакна е еден од главните помагатели на добриот начин на варење на храната. Јадете мешункаст зеленчук, цели житарици и суво, како и свежо овошје и зеленчук, а избегнувајте зачинета и лута храна.
Зголемениот внес на течности во телото, како вода и природни свежи сокови, ја олеснуваат столицата. Особено ефикасно е да се пие сок од суви сливи.
Долготрајното седење треба да се избегнува, а треба да се практикува повремено станување и раздвижување.
Со редовната физичка активност ќе ја поттикнете циркулацијата, ќе ги забрзате метаболизмот и варењето, ќе ја стимулирате цревната функција и со тоа ќе ги намалите евентуалните проблеми со пролив и запек.
Постојат внатрешни и надворешни хемороиди. Вторите можат полесно да се повлечат со соодветна терапија, но внатрешните знаат да бидат многу незгодни, а воедно предизвикуваат редовно крварење и болки при празнење на цревата.
Ова е еден проверен традиционален руски рецепт, па доколку и вие долго време си мачите мака со хемороидите, а веќе се имате обидено со разни креми, чаеви и таблети, и ништо не успеало да го реши проблемот на долг рок, вреди да му дадете шанса на овој „лек“ кој наводно излечил многу Руси.
Сè што ви е потребно е свеж, лупен компир и фрижидер за длабоко. Компирот треба да е квалитетен. Не смее да биде скапан или позеленет.
Исечете од излупен компир тенко стапче и ставете го во замрзнувачот.
Замрзнатото стапче (едно за една употреба) ставете го во анусот. Првите 4 дена држете го 30 секунди, а следните 3-4 дена оставајте стапчето да делува по 30 секунди плус.