Рум торта со двојно крем задоволство
Планирате забава во брзо време?
Потребни состојки:
За кората:
- 6 јајца
- 6 лажици кафеав шеќер
- 6 лажици брашно
- 2 лажици какао
За првиот слој крем:
- 500 грама пире од костен
- 200 грама шеќер во прав
- 200 грама путер
- 1 мала лажичка екстракт од ванила
- 50 милилитри рум
За вториот слој крем:
- 500 милилитри слатка павлака
- 1 кесичка зацврстувач за шлаг
За филот:
- 100 грама црно чоколадо
- 50 грама путер
Начин на подготовка:
Жолчките измешајте ги со шеќерот, па додајте им го брашното и какаото, а потоа постепено турајте ги и белките додека мешате. Префрлете ја смесата во сад за печење, обложен со мрсна хартија и ставете ја во рерна на 180 степени. Оставете да се пече сè додека не добие златна боја.
За првиот фил, измешајте ги путерот и шеќерот во прав, па потоа додајте го пирето од костен, румот и екстрактот од ванила, добро измешајте и нанесете го на оладеното тесто.
Со помош на миксер, изматете го шлагот од слатката павлака, додадете го зацврстувачот за шлаг и нанесете го врз првиот фил.
Стопете ја чоколадата со путерот, а потоа во тенок слој сипете ја на мрсна хартија, оставете ја 10-тина минути да се олади во фрижидер, а потоа исецкајте ја коцки. Декорирајте ја тортата со овие чоколадни коцки и сервирајте.