Претходно
Рози од јаболка
Искористете го слободното време и направете ги овие вкусни и лесни колачиња: рози од јаболка.
Потребни состојки:
- 4 големи јаболка
- сок од 1 лимон
- 500 г лиснато тесто
- 100 г растопен путер
- 100 г џем од кајсија
- 20 г шеќер во прав за наросување
Начин на подготовка:
- Јаболката исечете ги на половинки и исчистете им ја внатрешноста. Секоја половинка од јаболката исечете ја на многу тенки кришки.
- Исцедете сок од еден лимон врз кришките.
- Расукајте го лиснатото тесто на работната површина.
- Исечете го тестото на ленти со дебелина од 10 см. Секоја коричка премачкајте ја со растопен путер, па со џем.
- На горната половина од кората, по нејзината должина, наредете ги кришките од јаболка кои треба да се преклопуваат на краевите.
- Преклопете ја долната половина од кората врз јаболката и завиткајте ја кората во форма на роза.
- Наредете го секој колач во модла за мафини премачкана со путер.
- Печете ги розите во загреана рерна на 200 ᵒC околу 20 минути.
- Кога розите ќе се изладат, наросете ги со шеќер во прав и послужете ги!
Можеби сакате да прочитате и рецептот за тортата со грешка и дознајте зошто оваа торта од 4 состојки е најпопуларна во Италија веќе 100 години?