Романтичен маникир: 10 инспиративни идеи за Денот на вљубените

Романтичен маникир: 10 инспиративни идеи за Денот на вљубените

Ако во голема мера се подготвувате за празникот на љубовта, а сè уште барате идеи за маникир, ќе ги пронајдете овде. Црвените нијанси, срцата и љубовните пораки се неизоставен дел од приказната за романтичен маникир и Денот на вљубените.

Насмевка што освојува

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Beauté (@katebeaute)

Носете насмевка и на вашите нокти. Во бела боја, на неутрална основа, насмеаните срца се совршен украс во зимскиот период од годината. Никого не оставаат рамнодушен.

Срце до срце

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Beauté (@katebeaute)

Деликатната, розова основа со сјај и срца во различни розови нијанси асоцира на љубов.

Срца на врвовите на ноктите

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pip • (She/her) (@pipjolley)

Нанесете лак во месо боја на ноктите, а горниот дел украсете го со срце во различна боја. Потоа, нанесете го завршниот слој и уживајте во вашето мало ремек-дело.

Мини детали, макси ефект

Додајте мали правоаголници, срца и точки на млечно бела или безбојна основа и уверете се во моќта на малите детали.

Љубовно писмо

Направете го овој маникир колку што е можно поразигран. Во изобилството затворени писма, оставете едно отворено писмо – така љубовта ќе ги рашири крилјата.

Блескав рубин

Овој маникир е идеален ако сакате нешто што не е комплицирано за одржување. Но, и покрај тоа, никој не може да го оспори неговиот ефект.

Микс од сјајни и мат нијанси

Комбинацијата на светли, црвени и неутрални, мат нијанси украсени со сјајни, ситни срца е полн погодок.

Маникир со порака

Не постои пооригинален начин да му покажете на вашиот партнер колку навистина ви значи.

Љубовната страна на францускиот маникир

Ако сте љубител на францускиот маникир, еве оригинален начин да го приспособите за Денот на вљубените – додајте неколку црни срца на врвовите на ноктите.

Како се пишувате љубов?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Catherina Kety (@catherina_kety)

Всушност, не постои универзален стил или посебни правила. Напишете го овој збор на ноктите со тенка четка и заменете ја буквата О со срце.

Погледнете ги овие даски преполни со бонбони, чоколадо, сирење и многу љубов по повод Денот на вљубените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар