Претходно
Рокерскиот стил од деведесеттите
Гранџ стилот, екстремно популарен во раните деведесетти години, претставува уличен стил инспириран од рок музиката. Станува збор за опуштен стил кој полека го враќаат во мода оние кои преку својот изглед сакаат да дадат изјава во стилот „Не ми е грижа за ништо“.Ваквиот стил го карактеризираат големи фустани и здолништа, исечени маици, многу тесни фармерки и шарени принтови. Секогаш се добредојдени повеќе слоеви облека и палта или кошули врзани околу половината. Со тесни фармерки, кожни јакни, црни чизми и парчиња облека кои немаат ни трага од женственост, девојките го владеат овој гранџ стил.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Леле врска немаат сликиве со гранџ.
Не ме интересира ништо освен убаво да изгледам.
Така е Маја.
Vratice se opet 🙂
Зошто мојот коментар од пред некој месец го нема? Не беше во ред што напишав дека девојка која ја обожува розевата боја нема кредибилитет са пишува за модата на гранџот? Што, впрочем, се гледа и од моделите. Таквата рестрикција не е во ред.
ДЛ, не се работи за рестрикции, се работи за уредувачка политика. Транспарентни сме и ги потпишуваме постовите што ги објавуваме, некоректно е да се критикува авторот или да се оценува неговиот кредибилитет врз основа на преференциите за боја. Доколку некој има забелешки за содржината на текстот, може слободно да коментира. Твоите забелешки воопшто немаа врска со содржината и затоа коментарот не беше објавен – едноставно е нерелевантен. Впрочем, твојот анонимен потпис ти овозможува слободно да го искажеш мислењето, но јавното идентификување на авторот од наша страна пак, ни обезбедува доволно кредибилитет за она што се пишува, како и право да работиме според правила за модерирање на коментарите кои сами ги одредуваме. Поздрав!
Ова се прекрасни парчиња облека, би сакала да ги имам сите до едно!