Родителска дилема: 6 совети како да ги запознаете вашите деца со новиот партнер

Родителска дилема: 6 совети како да ги запознаете вашите деца со новиот партнер

Една од најголемите дилеми на разведените или самохраните родители е како и кога да ги запознаат своите деца со новиот партнер. Психолозите велат дека „роковите“ притоа не се важни, туку е важно да имате доверба во партнерот, а истовремено да го правите она што сметате дека е исправно за вашите деца. Пред да им го претставите вашиот нов партнер на децата, размислете за следново.

1-roditelska-dilema-6-soveti-kako-da-gi-zapoznaete-vashite-deca-so-vashiot-nov-partner-www.kafepauza.mk_

1. Имате право на нова врска, но таа на многу начини ќе влијае на вашите деца

Внимателно размислете како ќе ја објасните вашата нова врска на децата во согласност со нивните години и емоционалниот развој. Колку брзо и лесно вашите деца се врзуваат за возрасните личности? Не зборувајте премногу за новиот партнер и не изнесувајте детали, особено ако не сте целосно сигурни каде води тој однос.

2. Немојте да бидете таинствени, бидејќи децата најверојатно знаат повеќе отколку што мислите

Најпрво подгответе ги на идејата за новата личност која ќе влезе во нивниот живот. Разговарајте со нив насамо и бидете искрени и отворени колку што можете со оглед на околностите. Кажете им дека би сакале да ги запознаете со вашиот нов партнер и прашајте ги дали е тоа во ред. Дури и ако одговорат дека не се подготвени, одите во вистинската насока, бидејќи сте биле отворени и искрени. Оставете да помине одредено време и потоа повторно проверете што мислат за тоа.

3. Треба да се запрашате за одредени работи во врска со вашиот партнер

На пример: Колку долго трае вашата врска? Колку добро го познавате, што знаете за него преку вашите заеднички пријатели и познаници? Каков е кога е под стрес, како се однесува во проблематичните ситуации? Што мисли за тоа да го запознаете со вашите деца? Дали двајцата ја гледате вашата врска како долгорочна?

2-roditelska-dilema-6-soveti-kako-da-gi-zapoznaete-vashite-deca-so-vashiot-nov-partner-www.kafepauza.mk_

4. Немојте да ги изненадите децата

Тие не сакаат да го запознаат вашиот нов партнер за време на појадокот, на училишната приредба, или на очигледно планираното „случајно“ видување во маркетот. Наместо тоа, јасно покажете ја вашата намера. Прифатете ги нивните реакции и дајте им време да ја „сварат“ новата ситуација и да кажат што мислат за неа.

5. Имајте на ум дека тие можеби нема да бидат задоволни со вашиот избор

Без разлика колку да се обидувате сѐ да помине во најдобар ред, можеби на вашите деца ниту малку нема да им се допадне вашиот нов партнер. Не форсирајте ги ниту нив, ниту него.

6. Пред да донесете некого дома…

Бидете сигурни дека вашите деца знаат дека вашата љубов кон нив е неограничена и безусловна. Но, во тоа можете да поставите граници и правила, како на пример, да очекувате од нив да соработуваат и да бидат љубезни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар