Родителите треба да ги научат своите деца на овие 10 животни лекции до нивната 10-та година

Родителите треба да ги научат своите деца на овие 10 животни лекции до нивната 10-та година

Да се биде родител е прекрасно животно искуство, но тоа доаѓа со многу одговорности. Растењето и одгледувањето на детето е многу важно, па затоа ви откриваме 10 важни лекции кои родителите би требало да ги научат своите деца до нивната 10-та година.

1-10-zhivotni-lekcii-koi-roditelite-treba-da-gi-nauchat-svoite-deca-do-nivnata-10-ta-godina-www.kafepauza.mk_

1. Сите сме еднакви и секој човек треба да се почитува

Без разлика на полот, годините и финансиската ситуација, кон секого треба подеднакво да се однесуваме и да имаме почитување. Кон другите треба да се однесуваме онака како што и ние би сакале тие да се однесуваат кон нас.

2. Немој да се плашиш да направиш грешка

Учењето од сопствените грешки е составен дел од животот, и во тоа нема ништо лошо. Никој не е совршен и грешки на секого може да му се случат, па затоа не треба да се плашите од нив.

3. Знаењето е поважно од оцената

Ова е и тоа како важна лекција за учениците. Децата треба да знаат дека знаењето и оцените не се иста работа, односно дека оцената не е секогаш одраз на знаењето. Исто така, важно е децата да бидат свесни дека знаењето е многу поважно од оцените.

3-10-zhivotni-lekcii-koi-roditelite-treba-da-gi-nauchat-svoite-deca-do-nivnata-10-ta-godina-www.kafepauza.mk_

4. Родителите не ти се непријатели, побарај ја нивната помош

Да станете пријател на сопственото дете не е лесно, односно постои тенка граница помеѓу таквото пријателство и родителството. Но, дајте му до знаење на вашето дете дека може секогаш да ви се довери, дека секогаш ќе бидете негова потпора, односно избегнувајте да му се обраќате со висок тон.

5. Секогаш биди подготвен/а да се браниш себе

Секако дека е важно да ги почитува другите, но исто така е важно да ги брани сопствените ставови и да не им дозволува на другите да го искористуваат. Не само што детето не би требало да се чувствува несигурно, туку би требало да почувствува дека неговото мислење е ценето и дека е важно.

6. Немој да го правиш она што не го сакаш само заради туѓото одобрување

Децата често мислат дека популарноста помеѓу врсниците е една од најважните работи, па затоа прават сѐ за да ја здобијат. Но, децата мораат да знаат дека работите како искреноста и почитувањето се многу поважни од тоа и од барањето туѓо одобрување кое всушност и не е важно.

7. Ако нешто не разбираш, слободно прашај

Поставувањето на прашања и љубопитноста треба да се потенцираат уште од мали нозе. Секогаш е подобро да поставите прашање доколку нешто не разбирате, отколку да се правите дека сѐ ви е јасно. Со тоа нема да постигнете ништо корисно, туку само можете да си го скратите знаењето.

2-10-zhivotni-lekcii-koi-roditelite-treba-da-gi-nauchat-svoite-deca-do-nivnata-10-ta-godina-www.kafepauza.mk_

8. Ако не се чувствуваш добро, кажи му го тоа на наставникот

Некои деца се плашат да му пријдат на наставникот и да му кажат дека не се чувствуваат добро. Важно е да ги научите децата дека здравјето е на прво место, а не оцените и стравот од тоа дека ќе го привлече непосакуваното внимание од врсниците или пак дека ќе го разлути наставникот.

9. Цени ја и грижи се за околината

Почитта кон природата е подеднакво важна како и почитта кон другите личности. Родителите треба да постават пример кој децата ќе можат да го следат целиот свој живот. Загадувањето на околината, кршењето на гранките и уништувањето на цвеќињата никако не треба да се одобруваат.

10. Во ред е да кажеш „не“

Важно е детето да им кажува „не“ на своите врсници, возрасните, па дури и на родителите. Градењето силен карактер и личност е многу важно, бидејќи тогаш ќе биде многу потешко да се манипулира со детето. Исто така, оваа лекција добро ќе му послужи и како возрасна личност.

Драги родители, ви предлагаме да ги прочитате овие совети кои ќе ви помогнат да го воспитате детето да биде примерно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар