Родители, еве 17 совети и трикови кои ќе ви помогнат да се справите со вашите деца кога се немирни

Родители, еве 17 совети и трикови кои ќе ви помогнат да се справите со вашите деца кога се немирни

Децата се најголемото богатство и највредното нешто за родителите, но некогаш не е возможно да се справите со нив. Па никој нема енергија 24 часа 7 дена во неделата за да се занимава со викање, шарени ѕидови и сл. На секого му е потребен мир, барем одвреме-навреме. И не, не ве обвинуваме што сакате малку време за себе. Баш напротив, сакаме да ви помогнеме. Затоа смисливме 18 совети кои ќе ви помогнат да се справите со нив.

0-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mk

1. Одете раат во тоалет така што ќе ги оставите да гледаат нешто што сте рекле дека никогаш нема да им дозволите да го гледаат.

2. Вработете дадилка за да не мора вие да го трпите срамот во јавност.

07-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mk

3. Ако сакате да си олесните со перењето, запаметете дека облеката може да се носи неколку дена по ред пред да ја сметате за гнасна.

4. Никогаш не уживајте во тишината, затоа што тоа значи дека нешто сомнително се случува.

01-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mk

5. Ако сакате да го натерате вашето малечко да престане да гризе некои работи, премачкајте ги со лут сос.

6. Научете ги на некоја корисна вештина – како фотографија – за никогаш да немаат доволно пари да купат дрога.

1-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mk

7. Ако ви е потребно да го привлечете вниманието на детето, едноставно седнете, опуштете се и изгледајте како да ви е многу удобно.

8. Купувајте само маркери кои лесно се отстрануваат, за кога ќе ги чистите од ѕидовите и облеката да немате големи проблеми.

02-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mk

9. Најдете ги изгубените играчки така што ќе ја однесете колата на миење.

10. Гледајте ја омилената серија така што на детето ќе му дадете мобилен телефон.

05-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mk

11. Спријателете се со касиерите во маркетот затоа што многу почесто ќе бидете таму отколку дома.

12. Излезете навреме наутро така што ќе им дозволите да легнат да спијат во облека наместо во пижами.

08-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mk

13. Дозволете ривалство меѓу вашите деца. Тоа е автокорективна мерка која ќе даде подобри резултати одошто ако вие се вмешате во „битката.

14. Никогаш не им давајте пуканки откако сте смукале со правосмукалка. Не им давајте ништо откако ќе исчистите со правосмукалка. Всушност, не смукајте.

04-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mk

15. Не плашете се од бунтовничкото однесување ако трае до 18-тата година. Нормално е.

16. Играјте видео игри без да ве прекинуваат така што ќе им дадете неисправни управувачи.

06-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mk

17. Скратете го времето за готвење така што нема да готвите и ќе порачате храна од ресторан.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    ovi soveti da si gi rimenite kaj vasite deca

Остави коментар