Претходно
Рижото со кари и зеленчук
Овој необичен рецепт за рижото е одличен прилог, но и вкусно главно јадење. Доколку сакате зачинета храна, пробајте го уште денес.
Потребни состојки:
- 180 грама ориз
- Кромид
- Шери домат
- 200 грама грашок
- Морков
- Кари
- Прстофат сол и бибер
Начин на подготовка:
- Измијте го оризот и сварете го.
- На малку масло пропржете го кромидот, а по неколку минути додајте го шери доматот пресечен на половина. Динстајте додека не омекне доматот.
- Потоа додајте грашок, ситно исечканиот морков и кари и добро измешајте.
- На крај додајте го и оризот и оставете го малку да се крчка на средна температура.
Топлиот ориз можете да го послужите и со месо по ваш избор.
Пробајте го и рецептот за ориз подготвен на мексикански начин.