Резултати видливи во истиот момент: Домашна маска за лице која ги брише митесерите

Резултати видливи во истиот момент: Домашна маска за лице која ги брише митесерите

Ретко кој никогаш не се соочил со митесерите. Најголемиот број од луѓето ги имаат на областа околу носот, но тие можат да се појават на целото лице, најчесто покрај носот, на брадата и челото. Иако тие лесно се прекриваат со шминката, сепак тоа не е трајно решение. Па, доколку сакате да откриете како да се изборите против нив, продолжете со читање.

Резултати видливи во истиот момент: Домашна маска за лице која ги брише митесерите

Најпрво многу е важно да ги отстраните мртвите клетки кожа кои митесерите ги заробуваат во порите. Тоа ефикасно може да се направи со пилинг на лицето. Но, не мора да купувате скапи препарати кои можеби и нема да ѝ одговараат на вашата кожа. Доволно е да го намокрите лицето и врз него да нанесете талог кафе, па со рака или чист пешкир и кружни движења да го масирате лицето околу 5 минути. Откако ќе завршите, темелно исплакнете го лицето.

Откако ќе се измиете, ставете камилица во топла вода, навалете се над садот и прекријте ја главата со пешкир така што ќе ѝ дозволите на пареата да удира директно во вашето лице. Стојте така 10-тина минути. Оваа постапка е многу корисна за вашите синуси, но исто така ги отвора и порите, правејќи основа за поуспешно справување со митесерите.

За крај, останува уште најважниот чекор. Направете маска која може да ги избрише митесерите и да ги исчисти целосно порите. Сè што ви е потребно се 4 лажици сода бикарбона и 230 милилитри минерална вода. Добро измешајте ги заедно, а добиената смеса нанесете ја на лицето, така што ќе го избегнувате пределот околу очите. Оставете ја маската да делува околу 10 минути, а потоа измијте го лицето. Резултатите ќе бидат видливи во истиот момент.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар