Решенија за неколку секојдневни глупави ситуации
Колку пати ви се случило да сте зашеметени после попладневна дремка или да се чувствувате анксиозно без некоја особена причина и да не знаете како да си помогнете? Со овие неколку едноставни трикови, ќе решите дел до секојдневните глупави ситуации.
„Замрзнување“ на мозокот. Со притискање на палецот од вашата рака на горниот дел од внатрешноста на вашата уста, ќе го стоплите непцето и ќе ја ублажите болката.
Глупава песна не ви излегува од глава. Спречете ги досадните песни да го окупираат вашиот мозок, решавајќи некаква загатка.
Итна потреба за мокрење. Отстранете ја тензијата така што ќе мислите на секс или чешајќи го листот од ногата. Овие работи ќе го окупираат вашиот мозок, додека конечно да отидете по мала нужда.
Напнатост. Дувајте во јагодата од вашиот палец за ја да намалите тензијата. Палецот содржи нерви коишто го контролираат пулсот на вашето срце.
Забоболка. Протријте коцка мраз на надворешната страна од вашата дланка, како и на делот помеѓу палецот и показалецот. Овој дел од телото содржи нервни патишта кои ги блокираат знаците за болка во лицето и рацете.
Папсаност после попладневна дремка. Напијте се кафе точно пред да си легнете да поспиете. Кофеинот ќе почне да делува веднаш штом се разбудите.
Кога сакате да направите „да пукне“ и си ги промашувате дланките. Сè што треба да сторите за да не ви се случува ова, е да гледате во лакотот на личноста спроти вас.