Релаксирајте се во детоксицирачка бања
Стресниот начин на живот навистина бара од нас одвреме-навреме да се разгалиме себеси пружајќи си некакво задоволство. Бањата за детоксикација е совршен избор, покрај тоа што ве релаксира, го ослободува телото од токсини. Следете го овој рецепт и опуштете се во детоксицирачка бања.
1. Планирајте ја бањата за ден кога имате минимум 40 минути слободни
Првите дваесет минути ќе му помогнат на вашето тело да се ослободи од токсините, додека во другите дваесет минути телото ги апсорбира минералите од водата.
2. Наполнете ја кадата со топла вода
Доколку сте во можност користете филтер за хлор.
3. Додадете морска сол или магнезиум сулфат
Магнезиумот лесно ќе се раствори во водата, а носи многу благодети за вашето здравје. Ќе ве ослободи од замор, напнатост и стрес. Борец е против болката во зглобовите и плус ова е одличен начин да го надокнадите нивото на магнезиум во телото. Голема предност е што е многу евтин и лесно ќе го најдете во аптеки или маркети. За деца со тежина до 27 килограми додадете половина филџан во стандардна количина вода во кадата. За деца од 27 до 45 килограми додадете еден филџан, а за возрасни два филџани.
4. Додадете 1-2 филџани сода бикарбона
Содата е позната по моќта на прочистување како и по анти-габичните својства. Покрај тоа, ја остава кожата мека.
5. Додадете мелен ѓумбир или свеж чај од ѓумбир
Овој чекор не е задолжителен, иако ѓумбирот би помогнал да се покачи топлината на вашето тело за полесно да се исфрлаат токсините. Не додавајте премногу бидејќи може да предизвика црвенило на вашата кожа, но тоа е поради топлината, а не е опасно. Во зависност од тоа колку сте чувствителни, а и од тоа колку вода сте додале во кадата, може да додадете количина од 1 лажица или третина чаша. Ѓумбирот е многу корисен доколку сакате да се ослободите од грип или настинка, бидејќи откако по излезот од кадата ќе се завиткате во пешкир, вашето тело поради моќта на ѓумбирот ќе продолжи да се детоксицира уште неколку часа.
6. Додадете масла за ароматерапија
И овој чекор не е задолжителен, но со сигурност ќе ви пружи дополнително уживање. Одберете го вашиот омилен мирис за да искусите релакисрачко и пријатно искуство. Околу дваесетина капки би биле доволни за стандардна бања. Доколку преферирате, можете да користите и свежи билки како нане, лаванда, камилица и др. Секако, секогаш е добредојдено да си ја разубавите атмосферата со свеќи.
7. Промешајте ги добро сите состојки и започнете со уживање
Препорачливо е да останете околу четириесет минути, но доколку обврските не ви го дозволуваат тоа, останете макар дваесет. Внимателно излезете од кадата, солта може да ја направи вашата када лизгава.
8. Пијте многу вода
Секогаш кога вашето тело се детоксицира, со бања, масажа, или каква било терапија, помогнете да ги исфрли токсините. Доколку не пиете многу вода, голема е веројатноста подоцна да се чувствувате лошо и омалаксано. За крај, истријте го телото со четка со растителни влакна. Ова ќе помогне да се стимулира лимфниот систем и да го олесни ослободувањето од токсините. Направете долги и нежни потези насочени кон срцето.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.