Редовни вежби на работното биро за опуштање на телото и умот
Веќе ни е добро познато дека седењето пред компјутер 8 часа на ден има негативни последици по здравјето на човекот. Познати ни се и некои техники за одмор, релаксација и опуштање кои можат да го направат денот попродуктивен, а умот и телото поодморени и ослободени од стрес.
Добар совет во оваа насока е да излегувате надвор за време на паузите, да правите кратки вежби за медитација и да ги исклучувате нотификациите за новите имејл пораки. Помеѓу овие совети, можеби најважен е оној за редовно истегнување на телото кои можат да се прават директно од работното биро.
Овие вежби ќе ви одземат максимум 5 минути во текот на денот.
Притоа, додека ги правите вежбите треба:
- да дишете лесно
- да не потскокнувате и да не се форсирате
- да не чувствувате болка
- да го чувствувате истегнувањето
- да се релаксирате
Истегнувањето е добро за мускулатурата и зглобовите, но она што е уште поважно е ефектот од исклучувањето на мозокот од тековната работа и дозволување нормален проток на крвта низ телото.Долготрајното седење пред компјутер може да предизвика мускулна тензија и болка. Неколку минутни истегнувања во текот на денот можат да направат многу подобро да си го чувствувате сопственото тело. Гледајте да се истегнувате спонтано во текот на денот, секогаш кога ќе почувствувате напнатост. Иако голем број вежби можат да се прават директно од столчето, без да се поместите од работното биро, практикувајте и по некоја вежба во стоечка состојба. Тоа е добро за циркулацијата.Ако илустрациите ви го привлекуваат вниманието, а текстот ви го зголемува ентузијазмот, силно потрудете се ова да не ве држи само во текот на денешниот ден. Доколку сте тип на човек кому не би му текнувало ова да го прави секој ден, можете да си помогнете со специјален софтвер за таа намена. Корисниците на Мек го имаат на располагање Anti-RSI, додека оние на Виндоус и Линукс можат да го користат Workrave и тоа бесплатно.