Рецепти за посни торти што не се печат
Постот не мора да биде монотон, но за да направите нешто посно, треба да се потрудите малку повеќе за да направите совршен спој на намирниците што ги имате на располагање. Во продолжение погледнете ги овие рецепти за вкусни, посни торти што не се печат.
Посна плазма торта
Потребни состојки:
- 250 грама посен маргарин
- 200 грама шеќер во прав
- 600 грама мелена плазма
- 200 милилитри сок од портокал
Начин на подготовка:
Изматете ги маргаринот и шеќерот во прав, а потоа додајте ги плазмата и сокот од портокал и добро измешајте. Тортата можете да ја обликувате по ваш вкус затоа што смесата е густа и можете да направите различни форми. Чувајте ја во фрижидер барем еден час. Тортата можете да ја збогатите со најразлични посни преливи, како и со бонбони и колачи.
Во филот можете да додадете желе бонбони, мелени јафа бисквити и слично. Можете да додадете малку замрзнато овошје по ваш избор, а тортата можете да ја украсите со посен шлаг или со растопено чоколадо.
Посна маркиза торта
Потребни состојки:
- 300 грама посни бисквити
- 250 грама посен маргарин
- 250 грама шеќер во прав
- 200 грама мелени лешници
- 200 грама посно чоколадо
Начин на подготовка:
Изматете ги маргаринот и шеќерот во прав, па додајте ги лешниците и добро измешајте. Растопете го чоколадото на пареа, а потоа додајте го филот и повторно измешајте добро.
Ставете го бисквитите во малку вода или сок и наредете ги на соодветен послужавник. Одозгора ставете го филот. Можете да ставате ред бисквити, ред фил.
На крај украсете ја тортата по желба, по можност со малку растопено чоколадо и посипете со сечкани лешници. Оставете ја тортата во фрижидер најмалку еден час, а потоа можете да ја сервирате.
Погледнете го и овој рецепт како да направите посни крофни со шлаг.