Рецепти за лесни и здрави оброци со кои вашето утро ќе започне на најдобриот начин
Секое утро во нашите мисли ни се провртува прашањето „Што ли да појадувам сега?“ Сите ние се бориме со овој проблем, но за среќа, постојат многу решенија и може да се пронајдат насекаде, а понекогаш од решението нè делат само неколку кликови. Со овој „клик“ ќе добиете фантастични, брзи рецепти за вкусен појадок, а најдоброто од сѐ е што тие се подготвуваат пред спиење. Наутро ќе имате доволно време за да појадувате брзо, лесно, здраво, а притоа да добиете многу енергија и да бидете подготвени и насмеани за уште еден ден кој најверојатно е полн со обврски, задачи и нови проблеми.
Појадок со боровинки
Боровинките се секогаш одлично решение за појадок, не само заради совршениот вкус, туку и заради нивните бројни предности. Започнувајќи од фактот дека се одлични за крвната слика, па сѐ до тоа дека се моќни антиоксиданси. Заради тоа често се користат свежи во исхраната, па ова е појадок кој е многу вкусен и кој ќе ви даде доста енергија.
Ставете од 3 до 4 лажици овесни снегулки во некој сад или подлабока чаша. Во друг сад измешајте 120 милилитри млеко (може да биде бадемово, кокосово…) со половина лажичка мед, а потоа ставете го во снегулките. Добро измешајте ги сите состојки и ставете ги во фрижидер, сѐ додека не се разбудите наредното утро. Кога ќе се разбудите, извадете го садот од фрижидерот, додајте една лажичка бадемови листови или 2-3 бадеми, малку боровинки по вкус и малку павлака. Измешајте ги сите состојки и ќе добиете совршен појадок, кој е вкусен и здрав и кој ќе ви овозможи добра енергија за целиот ден.
Здрав чиа појадок
За чиа семето во последните неколку години доста многу се зборува. Иако се ситни и скоро незабележливи, чиа семките се доста здрави, одлични во борбата против разни болести, но и совршена превентива за сите нив, заради што сѐ повеќе се вклучуваат во секојдневната исхрана. Иако ова семе нема вкус, тоа симпатично „крцка“ под забите, па интересно е за јадење. Еве еден појадок кој можете да го подготвите уште денес.
Во блендер ставете една шака свежи или засладени малини, додајте 3 супени лажици кокосово брашно, малку екстракт од ванила, 3 лажици чиа семиња, па сите нив полијте ги со 240 милилитри бадемово или кокосово млеко. Ставете ја изматената смеса во фрижидер околу половина час, но доколку немате време утрото, најдобро е да стои во текот на ноќта. Наутро ќе имате одличен чиа пудинг. Измешајте го со малку путер од кикиритки, а можете да додадете и парчиња овошје. Уживајте!
Домашен јогурт во два слоја
Еве еден одличен појадок кој изгледа доста интересно, бидејќи има два дела кои секако можете да ги измешате додека го јадете. Во помало тенџере ставете една шака свежо или замрзнато овошје, додајте 3 супени лажици чиа семиња, 2-3 лажички мед и 100 милилитри вода. Измешајте ги сите состојки и ставете ги на тивок оган за се сварат, а потоа оставете ги да се оладат. Откако ќе се олади смесата, ставете од неа една до две лажици во помала чаша, а врз неа додајте павлака. Пријатно јадење!
Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, а за утрото да биде повеќе од добро ви откриваме неколку производи за здрав појадок.