Рецепт за здрави колачиња за појадок!
Дали сте од оние кои сакаат да го започнат денот со нешто слатко? Денес ви предлагаме рецепт за здрави колачи за појадок чии нутриционистички хранливи состојки можете да ги најдете и во класичната овесна каша.
Потребни состојки:
- 45 грама овесни снегулки
- 1 лажичка стопено кокосово масло
- 1 лажичка млеко
- 1 лажичка чоколадни капки
- ½ зрела банана
- ½ лажичка прашок за пециво
- прстофат цимет во прав
Начин на подготовка:
1. Излупете ја зрелата банана и изгмечете ја со виљушка. Во сад истурете го растопеното кокосово масло и млекото.
2. Додадете прашок за пециво, цимет и овесна каша. Добро измешајте.
3. Додадете ги чоколадните капки.
4. Префрлете ја добиената смеса во сад за печење и печете на 190 степени целзиусови околу осум минути. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за запечена овесна каша.
Извор: punkufer.dnevnik.hr