Рецепт за здрави чоколадни бомбици без шеќер
Денес ви споделуваме рецепт за здрави чоколадни бомбици кои се топат во уста!
Потребни состојки:
- 110 грама свежи урми
- 100 грама овесни снегулки
- 100 грама мелени ореви
- 1/2 зрела банана
- 2 лажици какао
Додатоци:
- кандирана кора од портокал
- чоколадо
- сусам
- кокос
Начин на подготовка:
1. Прелијте ги урмите со 100-120 милилитри топла вода и оставете ги да отстојат околу 15 минути. Сомелете ги овесните снегулки во блендер. Додадете ги какаото и јаткастите плодови, сомелете ги, па префрлете ги во сад.
2. Исчистете ги урмите од семките и префрлете ги во блендерот. Додадете малку од водата во која ги оставивте да отстојат. Мешајте сè додека не добиете хомогена смеса. Доколку е потребно, додадете уште малку вода. Потоа додадете половина од излупената банана и соединете ја со урмите. Префрлете ја добиената смеса во садот со сувите состојки. Мешајте со лажица сè додека не добиете доволно цврста смеса која можете да ја обликувате со лажица.
3. Најдобро е да ја оставите смесата да отстои во фрижидер најмалку еден час пред да почнете да ги обликувате колачињата. За декорација можете да користите кокос, сусам, чоколадо или кандирана кора од портокал. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за посни бомбици со суво овошје.
Извор: sensa.mondo.rs