Претходно
Рецепт: Вкусни Рудолф бисквити за големи и мали
Никој не може да им одолее на нежните, крцкави бисквити кои мирисаат на ореви и чоколадо. Многу лесно ќе ги направите, а не заборавајте да ги вклучите и најмалите во подготовката.
Потребни состојки:
- 200 г брашно
- 100 г шеќер во прав
- 100 г мелени ореви
- екстракт од ванила
- 200 г стопен путер на собна температура
- 1 јајце
- нутела или фил по желба
Начин на подготовка:
- Ставете ги сите горенаведени состојки во сад и замесете тесто. Многу е важно сите состојки да се многу ладни.
- Завиткајте го тестото во фолија за храна и ставете го во фрижидер околу 30 минути.
- Изладеното тесто развлечете го тенко на набрашнета површина и со мал калап исечете кружен облик. Направете повеќе, а потоа ставете ги бисквитите на плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 180 степени, околу 10 минути.
- Изладете ги, пополнете ги со фил по желба и нацртајте го Рудолф.
- За Рудолф ви треба чоколадо што ќе го стопите на тивок оган. Ќе ви треба и чепкалка за заби и црвени мали бонбони.
- Користете чепкалка за заби потопена во чоколадо, нацртајте линии на бисквитите во облик на Рудолф и залепете црвена бонбона на местото каде што ќе биде носот.
Можеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за вкусна орео торта од само 5 состојки.