Рецепт за вкусни и посни какао коцки за кои ви се потребни само 3 состојки!

Рецепт за вкусни и посни какао коцки за кои ви се потребни само 3 состојки!

Денес ви споделуваме рецепт за брауни или какао коцки без брашно, јајца или шеќер – можете да ги направите само со три состојки: банана, путер од кикирики и какао во прав.

Рецепт за вкусни и посни какао коцки за кои ви се потребни само 3 состојки!

Потребни состојки:

  • 3 зрели банани
  • 125 грама путер од кикирики
  • 100 грама какао во прав

Начин на подготовка:

1. Излупете ги бананите и издробете ги со вилушка.

2. Измешајте ги мелените банани со путерот од кикирики и какаото.

3. Префрлете ја смесата во калап кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.

4. Печете го колачот во загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 17 до 20 минути.

5. Оставете ги коцките да се изладат пред сервирање. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за веганско брауни со сладок компир.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар