Рецепт за вкусна торта без печење: Морате да го пробате!
Морате да го пробате овој рецепт за вкусна торта која не се пече!
Потребни состојки:
- 30 парчиња бисквити
- ¼ чаша стопен путер, маргарин или кокосово масло
- 350 грама крем сирење
- намаз по желба
- 40 грама шеќер во прав
- шлаг крем
Начин на подготовка:
1. Скршете ги бисквитите и ставете ги во блендер (оставете неколку настрана за декорација).
2. Додадете го растопениот путер (оставете половина лажичка за подоцна) и измешајте ја убаво смесата.
3. Префрлете ја смесата во калап кој претходно сте го намачкале со путер и оставете 2 лажици од смесата настрана за декорација.
4. Добро порамнете ја смесата и оставете ја да отстои околу 1 час.
5. Во сад ставете го крем сирењето, додајте ги намазот и шеќерот во прав и убаво измешајте. Изматете го шлаг кремот со миксер и додадете го оваа смеса и измешајте ги сите состојки.
6. Префрлете го кремот врз подлогата, а колачот оставете го во фрижидер да отстои околу 1 час.
7. Растопете го крем намазот и прелијте го врз колачот, па оставете го да се излади уште 15 минути.
8. Врз тортата ставете од преостанатата смеса со бисквити и путер, а во средината можете да декорирате со 2 парчиња бисквити. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот рецепт за вкусна торта без печење, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусна торта со чоколадо и ореви без печење.
Извор: atma.hr